Нинџа-желки (ТВ-серија од 1987): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
'''Млади мутанти ниџа желки''' (англиски: Teenage Mutant Ninja Turtles) e американска цртана серија продуцирана од фирмата ''Murakami-Wolf-Swenson Film Productions Inc.'' Американската премиера ја имала на 10 демекври 1987 година. Создадени се 193 епизоди, кои овозможиле овие ликови да стекнат огромна популарност. Серијата се заснова врз истоимениот стрип на Кевин Истман и Питер Лерд, иако темите значително се разликуваат од релативно мрачните мотиви од стрипот за пред сè, да бидат погодни и за децата.
 
=== Содржина ===
Во Јапонија постои клан нинџи под називот ''Стопало'', кои ги предводи чесниот учител Хамато Јоши. Поради подмолноста на еден од неговите ученици – Ороку Саки – Јоши е посрамотен и протеран од кланот, иселувајќи во Њујорк каде што во очај и беда почнува да живее во канализација. Еден ден, непознато дете кое носи аквариум со четири желки случајно се сопнува, ги испушта желките, кои паѓаат во канализацијата кај Јоши. По некое време, Јоши ги наоѓа желките покриени со светлосна розова смеса, мутантна хемикалија со која поради контактот со Јоши ги претвора во човечки желки, додека Хамато Јоши поради тоа што непосредно пред тоа бил во контакт со стаорци, станува човечки стаорец, именувајќи се со ново име '''Сплинтер'''. Јоши ги прифаќа четирите желки како свои синови и ги учи на нинџа вештини. Им дава имиња по своите омилени ренесансни уметници: Леонардо, Рафаело, Михеланџело и Донатело. Секоја нинџа носи марама со одредена боја и умее да ракува со одредено оружје.  
 
Ред 32:
Осознавајќи ја оваа вистина, желките постануваат херои, со постојани акции трајно спречувајќи го Секачот да ги оствари своите планови.
 
=== Ликови: ===
'''Нинџа Желки:'''
 
Ред 56:
* '''Кралот на стаорците -''' Негативец кој живее во канализација и поседува способност да комуницира со стаорци, претставувајќи се како нивен господар.
 
== '''Наводи                     ''' ==