Мухамед Мехмедбашиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
#1Lib1Ref
Ред 18:
Мухамед Мехмедбаши бил роден во 1886 година во Столац, во Херцеговина (БиХ). Како припадник на Млада Босна бил поканет од страна на [[Мустафа Голубиќ]] во [[1913]] година да оди во [[Франција]], во [[Тулуз]], каде што добил задача да го убие австро-унгарскиот поглавар во БиХ [[Оскар Поќорек]]. За таа прилика добил отров, кој поради претресот во возот од [[Дубровник]] кон Сараево го фрлил.
 
Се откажал од атентат на Поќорек кога дознал дека се подготвува атентат на Франц Фердинанд, па се придружил на таа група. Тој требало да фрли бомба, но се правдал дека не го сторил тоа поради брзото поминување на колоната. По атентатот единствено тој успеал да избега од Сараево и заминал во [[Црна Гора]], во [[Никшиќ]], каде наскоро бил откриен и уапсен, а потоа префрлен во Србија. Учествувал во [[Прва светска војна]]. Како потпоручник, учествувал во повлекувањето на српска војска преку Албанија, а на [[Солунски фронт]] се приклучил на [[Драгутин Димитријевиќ Апис]] и на организацијата [[Црна рака]]. Во [[Солунски процес|Солунскиот процес]] од 1917 година, кога Апис поради заговор за убиство на српскиот престолонаследник [[Александар I Караѓорѓевиќ]] бил осуден на смрт, Мехмедбашиќ бил осуден на 15 години затвор. Бил амнестиран во 1919 година, кога се вратил во Сараево.<ref>Митровић, Андреј (1984). Србија у Првом светском рату. Београд: Српска књижевна задруга.</ref>
 
Во 1943 година го уапсиле усташи во Сараево и бил изложен на страотни мачења, по што и починал на [[29 мај]] [[1943]] година.