Фердинанд Фош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
#1Lib1Ref
Ред 28:
 
== Фош во Прва светска војна ==
Се истакнал уште во првите битки со својата тактика спротиставувајќи се на окупацискиот налет на Германија, иако неговиот корпус претрпел тешки загуби, тој во август 1914 напредувал кон линијата Саребург-Моранж. Поразот на XV корпус од десната страна го присилил на повлекување до [[Нанси]] откаде тргнал во противнапад и ги запрел Германците да ја преминат реката Мерт. Станал командат на 9 армија во тек на [[Прва битка на Марна|Првата битка на Марна]]. Имал клучна улога за стабилизација на фронтот и присилување на Германците да се вкопаат во ровови. Во октомври 1914 станал заменик на главниот командант. Во [[Прва битка кај Ипр|Првата битка кај Ипр]] неговите тактики биле решителни за запирање на германската офанзива, а Фош станал заеднички командант со генералот [[Жозеф Жофр]]. Командувал во [[Битка кај Арто|Битката кај Арто]], во [[Битка на Сома|битката на Сома]].<ref>Cowley, Robert; Parker, Geoffrey, eds. (1996). The Reader's Companion to Military History. sponsored by the Society for Military History (1st ed.). Houghton Mifflin. pp. 164–165. ISBN 0-395-66969-3.</ref> Поради огромни загуби тој и генералот Жофр биле сменети. Фош бил испратен во [[Италија]]. Само неколику месеци подоцна, по неуспех на генералот [[Робер Нивел]], Фош станал началник на генералштабот. Главен командант на сојузничките сили станал на [[26. март]] [[1918]] година и ги координирал сојузничките активности. Фош го запрел напредувањето на германските сили во текот на големата [[Пролетна офанзива|Пролетна офанзива во 1918]] и [[Втора битка на Марна|Втората битка на Марна]] во јули 1918. На [[6 август]] 1918 година Фош е именуван за маршал на Франција. Заедно со британскиот командант, маршал [[Даглас Хејг]], Фош ја планирал [[Голема офанзива (1918)|Големата офанзива]], што започнала на [[26 септември]] 1918 година со која сојузниците извојувале победа на при што на [[11 ноември]] 1918 година Фош ја прифатил германската капитулација.
 
==Фош и мировните договори==