Фердинанд Фош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Фердинанд Фош ''' (Ferdinand Foch) бил француски генерал и маршал во Прва светска војна|Пр...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Фердинанд Фош ''' (Ferdinand Foch) бил француски генерал и маршал во [[Прва светска војна|Првата светска војна ]], назначен за командант на сојузничките сили на [[26. март]] [[1918]]. Инсистирал за тешки мировни услови кон [[Германија]], за таа да се онеспособи повторно да стане закана за [[Франција]] и [[Европа]]. Бидејќи бил незадоволен со [[Версајски договор|Версајскиот договор]], тој ја изрекол реченицата: „Ова не е мир. Ова е примирје на дваесет години.“, која станала вистина по започнување на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].
 
==Биографија==
Роден е на [[26. март]] [[1851]] година во [[Тарб]], тука го стекнал првото образование, а потоа учел во Сент Ентјен. Бил учесник во [[Француско пруска војна|Француско приската војна]], по што одлучил да остане во војска. Завршил Политехничко училиште и станал офицер и предавач во тоа училиште.
Бил исклучителен предавач на воената академија со постојано истакнување дека првиот услов за да се победи е волјата победата да се освои. За него се зборувало дека бил најоригинален мислител во своја генерација. Бил познат по критички анализи на Француско-пруската војна и [[Војните на Наполеон]].
Неговите најпознати дела од воена (офанзивна) теорија се: „Принципи на војната“) објавено 1903 година и „За водење на војната“ објавено во 1904 година. Неговата воена кариера била блескава и на почеток на [[Прва светска војна|Големата војна]] бил генерал-полковник.