Секст Проперциј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Творештво: дополнување
Ред 5:
 
==Творештво==
По доаѓањето во Рим, Проперциј почнал да се бави со [[поезија]] при што себеси се нарекувал [[Калимах]]. Тој се спријателил со [[Вергилиј]], со [[Хорациј]] и со [[Овидиј]] и бил дел од друштвото на [[Мецена]]. Од неговото творештво се сочувани четири книги со [[Елегија|елегии]] во кои го опеал љубовниот занос кон Цинтија чие вистинско име било Хосија. За својата љубов кон неа, Проперциј напишал: „Синтија беше прва, а ќе биде и последна.“ (''Cynthia prima fuit, Cynthia finit eras''). Неговите „Елегии“ се одликуваат со богат [[Митологија|митолошка]] градба и со голема ученост и затоа бил наречен „учениот поет“ (''poeta doctus''). Поради големата топлина и страст, неговите елегии Овидиј ги нарекол „огнови“ (''ignes''). Една од неговите најубави елегии е онаа посветена на [[смрт]]та на Корнелија - „Кралицата на елегиите“ (''Regina eligiarum''). Со творештвото на Проперциј, римската елегија го достигнала врвот.<ref>„Sekst Propercije“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-100.</ref> [[Секст Проперциј]] најмногу се придржувал кон александриската [[елегија]], а неговите песни се полни со вознемирувачка патетика и [[Митологија|митолошки]] слики.<ref>Jevrosima Drašković, „Razvitak rimske lirike“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 111.</ref>
 
== Наводи ==