Бучин: Разлика помеѓу преработките

Додадени 216 бајти ,  пред 4 години
 
==Географија и местоположба==
'''Бучин''' се наоѓа во [[Прилепско Поле]], како најјужно село во [[Општина Крушево]] и претставува раскрсница помеѓу градовите [[Крушево]] (19 км), [[Демир Хисар]] (15 км), [[Битола]] (33 км) и [[Прилеп]] (25 км). Селото Бучин се наоѓа северно од планината Древеник која е огранок на [[Баба Планина]]. Од запад е ридот Голем Камен, а од север и исток е пелагониската рамница т.е. [[Пелагонија|Пелагониската Котлина]]. Низ селото Бучин тече [[Црна Река]] и селото го дели на два дела. Во центарот на селото има посебно водно корито наречено "јаз". Од него произлегуваат канали за наводнување на ниви со градинарски растенија: кромид, пиперки, патлиџани, компири, грав и др. Селото е посебно познато по бучинскиот кромид, кој е надалеку признат бренд.
 
Селото е рамничарко место. Во неговата непосредна околина има помали возвишенија.
 
Традиционално, селото се дели на 8 маали:
*Горна
*Вунеска
*Бонечка
*Стрезоска
*Кическа
*Буивлик
*Богоеска
*Малобучин
 
Покрај селото Бучин од западната страна, под Голем Камен, поминува железничката пруга Бакарно Гумно - [[Сопотница]], која моментално е во мирување.