Андреја Дамјанов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
Во однос на обликувањето, се работи за богато богато декоративно обликување особено во внатрешноста на објектите.Особено е важно што во внатрешноста на неговите објекти посебно значење и акцент се давало на присуството на обичниот човек (посетител на церемонијата), со што се потврдува преродбенската тенденција во тоа време. Западната влезна страна заедно со галериите кои се развивале наоколу биле раскошно обликувани, како обликовно така и сликарски, со што се нагласува значењето на обичниот народ. Олтарскиот дел истотака е богато обликуван додека бочните страни можеле да бидат осликувани или оставени во својот природен материјал, со што во двата случаи тоа делувало многу хармонично. Надворешноста на објектите, конретно нивната фасадна обработка била поскромно обработена со што се постигнувал доста чист и смирен ефект. Декоративни елементи на фасадата можело да се појават единствено на аголните завршетоци и апсидалните делови, со што аглите се обработувале со прецизно делкан и обработен камен и се разликувале од останатата ѕидна маса, додека апсидалните делови се обликувани со просторни конкавни ниши со што се постигнувал добар пластичен ефект.
 
== ПлановиТипологија ==
Плановите на објектите најчесто трикорабни базилики со високо издигнати кораби од кои најчесто најмногу е издигнат средниот и големи димензии, но постојат и објекти со поинакви планови, како впишан крст и триконхос со 5 куполи и кула камбанарија на западната страна, со повеќе куполи и тн.
 
== Градежни предизвици ==
== Темелење ==
Во однос на темелењето и конструкциите на објектите, овој мајстор вешто се снаоѓал и успешно ги сместувал своите дела врз доста стрмни и живописни терени, поради што бил на далеку прочуен и повикуван за решавање на вакви проблеми.