Обединети нации: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
формирање и цели
Ред 34:
 
Името „Обединети нации“ го дал [[Френклин Рузвелт]] за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] како групна референца за сојузничките сили. Првата формална употреба се наоѓа во [[Декларација на Обединетите нации|Декларацијата на Обединетите нации]] од [[1942]] година која ги обврзала сојузниците кон принципите на [[Атлантски пакт|Атлантскиот пакт]] и ги обврза да не бараат посебни мировни преговори со [[Сили на Оската|Силите на Оската]]. Името било пренесено на новата организација која била воспоставена од победниците на војната во рамки на одредбите на Атланскиот пакт и други договори.
 
==Целите на ООН==
 
Обединетите нации ги имаат истите основни цели и структура како кога биле формирани во 1945. Нивната примарна цел, и најголема бенефиција на нејзините членки, е да го одржуваат светскиот мир. Таа, наизменично го помага и поттикнува бизнисот и меѓународната трговија. Покрај тоа што тоа им е примарна задача, ООН им служи на нејзините членки на многу други начини. ООН предвидува форум за земјите за да ги унапреди нивните ставови и разреши конфликтите без насилство. Тие овозможуваат земјите да соработуваат за да ги решат светските проблеми, како сиромаштијата, болестите, и декрадирањето на околината. Тие служат како симбол за меѓународниот поредок и глобалниот идентитет. Тие го унапредуваат и координираат економскиот и општествениот напредок на земјите во развој, со идеја дека таквите проблеми соадаваат извори на конфликт кој може да доведе до војна. ООН ја помагаат и координираат работата на стотина агенции и програми, кои се во самата организација или надвор од неа. Таа исто така собира и објавува меѓународни податоци.
 
== Формирањето на ООН ==
 
Обединетите нации се резултат на долги историски обиди да се унапреди меѓународната соработка. Во доцниот 18 век, германскиот филозоф Имануел Кант предложил федерација или “лига” на нациите во светот. Кант верувал дека ваквата федерација би овозможила земјите да се обединат и да ја казнат секоја нација која извршила чин на агресија. Овој вид на унија на нациите за да се заштитат меѓусебно против агресорот понекогаш упатува на колективна безбедност. Кант исто така мислел дека федерацијата би ги заштитила правата на помалите нации кои често стануваат пиони во борбата за моќ меѓу поголемите земји.
 
Кантовата идеја заживеала по Првата Светска војна (1914-1918). Ужаснати од пустошот на војната, земјите биле инспирирани да се соединат заедно и да работат во прилог на мирот. Тие формирале нова организација, Лига на нациите или Друштвото на народите,за да ја остварат оваа цел. Лигата постоела од 1920 до 1946 и имала вкупно 63 земји членки низ неговата историја, вклучувајќи некои од најголемите светски сили: Франција, Обединетото Кралство, Италија, Јапонија, Германија и СССР. Но Лигата имала главно две струи. Прво, неколку од најголемите светски сили не биле членки, најзабележителни САД. Второ, членовите на Лигата се покажале неспособни да и се спротивстават на агресијата од Јапонија, Италија и Германија во 1930-тите. Агресиите наминовно довеле до Втората Светска војна (1939-1945). На крајот, Лигата паднала на на нејзината најосновна мисија, да спречи нова светска војна.
 
Наспроти неуспехот, идејата за лигата не умрела. Првата насоченост кон создавање на новата организација дошла во 1941, кога американскиот председател Френклин Д. Рузвелт и британскиот премиер Винстон Черчил ја потпишале Атланската Повелба, во која тие се обврзале да работат во формирањето на поефективен систем за зачувување на светскиот мир и за унапредување на соработката. Во 1942 претставниците на Антантата-коалиција во Втората Светска војна која се борела против Германија и Јапонија- потпишале декларација од Обеденетите Нации прифаќајќи ги принципите на Атланската Повелба. Декларацијата ја вклучува првата формална употреба на терминот Обединети Нации, име измислено од председателот Рузвелт. Една година подоцна, четири земји од Антантата- САД, Британија,СССР и Кина се согласиле да формираат генерална меѓународна организација. Четирите држави се сретнале во 1944 во Думбартон Оакс , населба во Вашингтон,Д.Ц., и испланирале повелба за новата организација. Новата лига ја нарекле Обединети Нации. Но тие сеуште не можеле да се согласат околу определени детали како членството и гласачките права.
 
Четирите држави се сретнале пак во почетокот на 1945 на самитот во Јалта. Овде, тие ги разрешиле нивните разлики и свикале цонференција на нциите за да ја комплетираат нивната работа. На 25 Април 1945, конференцијата на ОН на меѓународна организација одржана во Сан Франциско, со присуство на делегати од 50 држави. Делегатите работеле два месеца за да ја комплетираат повелбата на ООН која ги вклучува нивните цели, принципи и организациска структура. Повелбата содржела формална спогодба насочена кон сите светски нации за заедничка поставеност на основните правила кои владеат во нивните односи. ООН формлно започнала да постои од 24 Октомври 1945.
 
Како и Друштвото на Народите, ООН била создадена за да го унапредува мирот и да спречи друга светска војна. ООН признале дека нема да имаат успех доколку не се подржни од најмоќните светски сили. Организацијата презела неколку чекори за да ја осигура таа подршка. За да го охрабри продолжувањето на вклучувањето на САД, главната зграда на ООН е лоцирана во Њујорк Сити.За да ги увери најмоќните светски сили дека не би им се заканила на нивниот суверенитет, ООН им дала право на вето над најважните акции. Пет земји примиле право на вето: САД, Британија, Франција,СССР и Кина. (Русија го презема правото на вето од СССР по распадот на државата во 1991).
 
Друга голема цврстина во ООН, како и поранешната Лига на Народите, е што речиси секоја територија во светот е член, или провинција, или колонија како член. Швајцарија е исклучок, главно со статус како набљудувач, значи таа може да учествува во советувањето но не може да гласа. Швајцарија внимателно постанува полноправна членка на ООН. Преку годините националните гласачи на два референдума одбиле Швајцарија да се приклучи кон ООН. Швајцарија очигледно преферира да остане со статус на неутрален набљудувач. Некои политички ентитети кои не се членови како Ватикан Сити и Палестинската организација за ослободување, исто така имаат постојан набљудувачки статус во ООН.
 
==Надлежности на Обединетите Нации==