Економски и социјален совет на ООН: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
текст
(нема разлика)

Преработка од 17:51, 5 септември 2008

Економскиот и социјален совет (ECOSOC) работи под авторитетот на Генералното Собрание за да ја координира економската и социјална работа во ООН. ECOSOC има 54 земји членки избрани од Генералното Собрание за мандат од 3 години. ECOSOC ги координира студиите и препораките и акциите за меѓународни теми како медицината, образованието, економските и социјални потреби. Ја нбљудува работата на голем број програми и агенции. Оперира главно преку постојни комитети, функционални комисии и регионални комисии. Има 5 регионални комисии кои набљудуваат како работат заедно одредени комисии во еден регион. Има 9 функционални комисии кои расправаат за предмети како растењето на популацијата, трговијата со дрога, човековите права и статусот на жената. Други комитети работат на географските имиња, науката, јавните финансии итн. ECOSOC координира многу агенции кои имаат различни социјални економски и други услуги. Тие се независни но работат со други програми во ООН.Такви се светската организација за здравјето (WHO), Едукативната, културна и научна организација на ООН (UNESCO) и др.