Музеј на Град Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
HQ image
неговата
Ред 35:
'''Музеј на Град Скопје''' ('''МГС''') — [[музеј]] на градот [[Скопје]] сместен во [[центар (населба)|центарот]] на градот. Основан во 1949 г.<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://www.mgs.org.mk/index.php/istorijat|title=Историјат|publisher=Музеј на Град Скопје|accessdate=1 октомври 2015}}</ref>, а од 1970 г. Музејот е сместен во пренаменетиот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во [[скопски земјотрес|скопскиот земјотрес]] од 1963 г. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м<sup>2</sup>, од кои 2.000 м<sup>2</sup> е изложбен простор.
 
Оттогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на [[археологија]]та, [[историја]]та, [[етнологија]]та, [[историја на уметноста|уметничката историја]] на подрачјето на [[Град Скопје]]. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негоанеговата јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.
 
Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по повеќе одделенија: [[археологија]], [[историја]], [[етнологија]], [[историја на уметноста]], [[архитектура]], [[урбанизам]] и [[дизајн]], [[едукација]], [[фотографија]], [[видео]] и [[дигитализација]], а работи и музејска [[библиотека]]<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://www.mgs.org.mk/index.php/zamuzejot/muzejska-dejnost/2012-12-16-21-20-29|title=Библиотека|publisher=Град Скопје|accessdate=1 октомври 2015}}</ref>. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија [[Благоја Дрнков]] и донацијата на jапонска графика [[укијо-е]]. Во 1991 г. [[Љубомир Белогаски]] му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели). Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на Град Скопје што го носи името на донаторот [[Љубомир Белогаски]] и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.