Разлика помеѓу преработките на „Гордана Јовиќ-Стојковска“

нема опис на уредувањето
с (Виолетова ја премести страницата Гордана Јовиќ Стојковска на Гордана Јовиќ - Стојковска презапишувајќи врз пренасочување)
| portaldisp =
}}
'''Гордана Јовиќ - Стојковска''' романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, создава на српски и македонски јазик.
 
== Биографија и почетоци ==
Гордана Јовиќ - Стојковска е родена 1961 во [[Грделица]]<ref>Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.246.</ref>, [[Србија]], каде што го има завршено основно и средно образование. Во [[Скопје]] по запишување на студии на Биолошки факултет, но својата родна Грделица ја носи во себе како огромна инспирација која што е присутна во речиси сите нејзини романи и како дескриптивнен мотив, но и како плодна почва за креирање на чудесни ликови со судбини на луѓе кои едноставно не можат и не посакуваат да се разделат од своите корења.
 
 
 
Гордана Јовиќ - Стојковска живее и работи во Скопје. Книжевната кариера ја започнала уште од рани младешки денови објавувајќи во списанијата за култура и млади во тогашната [[Југославија]]. По одлуката да живее во Скопје го изучува [[македонскиот јазик]], на кој што ја објавува својата прва книга Noctambulissmus (Северно талкање) која што е објавена како награден ракопис на тогаш југословенскиот конкурс за дебитантска книга при Книжевниот клуб Куманово. Со оваа поетска книга Гордана Јовиќ - Стојковска добива награда Млада Струга 1989. Од крајот на истата година раководи со [[Книжевна младина на Македонија]] како Претседател. Во неа во периодот до 2002 година промовира и објавува голем број дебитантски книги на сега афирмирани млади писатели, воспоставува контакт и соработка со врвни автори од [[Бугарија]], [[Кипар]], [[Турција]], [[Русија]] и одржува континуирана соработка со писателите од просторот на дотогашната Југославија. Во периодот од 1990 до 1994 Јовиќ - Стојковска работи во [[МРТВ]] како сценарист, каде што реализира детски ТВ драми и серии, меѓу кои се издвојуваат првиот детски игран филм во Македонија на турски јазик „Споменар“ и серијалот „Децата на Македонија“. Активно се бави со книжевна критика и афирмација на српската книжевност во Македонија и обратно, а во тоа време ја промовира и современата македонска книжевност во Бугарија на Книжевните колонии во [[Несебар]] и на Филолошкиот Факултет во [[Софија]], каде во организација на др Константин Оруш учествува во Курсот по македонска книжевност. Преку програмата Исток - Исток при Отворено општество Македонија, организира конференции од областа на културна идентификација на кои учествуваат претставници на речи си сите земји од [[Југоисточна Европа]]. Учествува во организација на речиси сите важни книжевни манифестации и соработува со голем број списанија, меѓународни редакции и др. По престанок на буџетско финансирање на Книжевна младина на Македонија, Јовиќ - Стојковска работи извесен период како самостоен писател, потоа како уредник на списанието МАГ, а во 2009 година го формира Центарот за издавштво и промоција на автори и дела [[Слово љубве (издавачка куќа)|Слово љубве - букви букс]] во Скопје.
 
== Дела ==
* Српско -македонскиот речник, Слово љубве, Скопје, 2014.
 
Сите нејзини романи се објавени на српски и македонски јазик, нејзините дела се преведени на повеќе светски јазици, застапени се во повеќе антологии. За својот книжевен опус Јовиќ –Стојковска- Стојковска има добиено повеќе значајни награди меѓу кои: Млада Струга, Златната значка на Културно просветна заедница на Србија и Сесловенското признание – Белорусија.
 
==Преведувачка дејност==
Во нејзината библиографија се истакбуваат и преводи на најистакнатите современи книжевни автори од српски јазик, меѓу кои ги издвојува:
* Псевдо –Гојко Челебиќ, роман, Штрк, Скопје, 1997;
* Чаршиски муабети –Раде Јовиќ, поезија, КММ , Скопје, 2000;
==Други активности==
Член е на [[Друштво на писателите на Македонија]], член е на [[Удружење књижевника Србије|Здружение на писатели на Србија]], на [[Медитеранската академија на писателите]] (Орден на медитеранските трубадури) и др. Член е и на повеќе меѓународни книжевни и културолошки асоцијации и редакции.
Гордана Јовиќ - Стојковска е председател на [[Српска заедница во Македонија]] од 2010 година. Иницијатор е и еден од раководителите на културно едукативниот проект [[Даница]] преку кој го иницира покренување на списанието за деца и млади со исто име, како и други проекти за зачувување на културниот и јазичкиот идентитет на српскиот народ во Македонија.<ref>http://www.rts.rs/page/radio/ci/story/27/%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE+%D0%91%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4+1/1815848/%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%81+%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE.html гостување во радио-телевизија Србија</ref>
 
== Наводи ==