Петко Славејков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 33:
Тој развил важни културни и едукативни активности и до [[1847]] година собрал 2263 песни и поговорки. Од [[1852]] година ги печати првите книги - ''„Смесена китка“, „Песнопојка“, „Басненик“''. Ја напишал поемата „Бојка војвода“ (1853) под влијание на револуционерните настани околу [[Кримска војна|Кримската војна]] (1853-1856). Учествувал во заговорот за неуспешниот бунт на дедо Никола во Трново (1856). Како учител во [[Трговиште]] објавувал во бугарскиот сатиричен весник „Гајда“. Откако работел некое време во [[Варна]], заминал за [[Цариград]], поканет во [[1864]] година за да го редактира бугарскиот превод на [[Библија]]та (на источно бугарско наречје) од Бугарското библиско друштво заедно со Алберт Лонг, Елајс Ригс и Христодул Сичан-Николов, чиј комплетен превод бил отпечатен во [[1871]] година во [[Цариград]].
 
[[Податотека:MacedonianQuestion1.jpg|мини|десно|Првата страница на статијата „Македонското прашање“ на Петко Славејков објавена во весникот Македонија во Цариград на 18 јануари 1871, во која споменува дека одредени луѓе во Македонија се декларираат како посебен народ - ''Македонци'']]
Во [[Цариград]], Славејков го издавал весникот „Гајда“ (1863-1867), весникот „Македонија“ (1866-1872), списанието „Ружица“ (1871), списанието „Пчелица“ (1871), списанието „Читалиште“ (1872-1873), во. „Шутош“ (1873-1874), „Костурка“ (1874). Славејков се појавил како најпознатиот бугарски писател во тоа време во [[Цариград]]. Издал повеќе од 60 книги, весници и списанија (оригинални и преведувачки). Тој учествувал во црковната борба и станал еден од нејзините лидери. Подоцна, тој бил учител во [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Во [[1873]] година ја создал познатата поема „Изворот на белоногата“.