Разлика помеѓу преработките на „Општина Гевгелија“

Ознака: Изворно уредување 2017
Во центарот на Гевгелија се наоѓа Народната библиотека "[[Гоце Делчев]]". Зградата е изградена од некој способен мајстор во [[1912] година, по нарачка на некој Турчин. Се претпоставува дека мајсторот од [[Дебар]] бил баран и од други чорбаџии, па така, Гевгелија ја красат неколку конаци (Сеизов конак, Андреев конак, Владев конак итн.). Исто така, во Гевгелија се наоѓа Амам (Турска бања) од 19 век.
 
Библиотеката во Гевгелија е формирана [[1945]] година, со почетен фонд од 500 книги. Денес, таа располага со над 70 000 книги, со 1 000 томови весници и списанија, околу 400 ретки книги и 200 наслови од роднокрајни автори. Тука се наоѓа и еден од оригиналите на книгата "Огледало" од [[Кирил ПејчиновичПејчиновиќ]], отпечатена [[1816]] година во [[Будим]].
 
Владовиот конак е изграден [[1906]] година, а во [[1992]] година бил пренаменет во Народен музеј. Во него се сместени повеќе одделенија од [[прaисторија]]тапрaисторијата, [[антика|античкиот]] период, но и [[етнологија|етнолошка]] и [[историја|историска]] збиркa . Огромен број раритети кои потекнуваат од 8 до 4 век пред нашата ера, се најдени на локалитетите: Сува Река, Милци, Бишов Јавор и Парагон, а дел од нив нашле свое место во депоата на музејот во Гевгелија.
 
Предметите што се пронајдени зборуваат за цивилизацијата која го достигнала врвот во материјалната и духовната култура. Во посебни магацински простории се откриени огромни питоси за [[жито]], [[вино]] или [[масло]], мегарскa чашa со симбол на македонскиот штит, сребрени монети со ликот на [[Александар Македонски]], како и аморфи за вино, садови за миризливи масла, и други раритети од класичниот и предримски период.