Вергилиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 26:
 
==Творештво==
Во Рим, Вергилиј другарувал со елегичарот [[Корнелије Гал]] и со историчарот [[Азиниј Полион]] како и со [[Алфен Вар]] кој, исто така, пишувал песни. На овие пријатели Вергилиј им посветил некои од неговите „Пастирски песни“, и тоа: на Гал десеттата, на Полион четвртата и осмата, а на Вар деветтата. По наговор на Азиниј, Полион испеал збирка на пастирски песни по примерот на [[Теокрит]] и ги нарекол „Буколики“. Исто така, во тој период тој го напишал и дидактичкиот [[еп]] „Георгики“ кој се состои од четири книги. Не е познато значењето на четвртата еклога (пасторална песна), зашто таа се одликува со мистична привилегија на неискажаност на содржината.
 
Најважни дела на Вергилиј се:<ref>„Publije Vergilije Maron“, во: ''Rimska lirika''. Beograd: Rad, 1964, стр. 96-97.</ref>
* „Буколски песни“ (''Bucolica'') - збирка од десет пастирски песни.
* „Песни за земјоделството“ (''Georgica'') - дидактички [[еп]] во четири пеења, посветен на Мецена, пријател на Август Октавијан и покровител на Вергилиј. Во епот се пее за [[земјоделство]]то, [[овоштарство]]то и [[пчеларство]]то. Ова дело се смета за најдобар дидактички еп во [[Римска книжевност|римската]] и во [[Хеленска книжевност|хеленската книжевност]].
* „Енеида“ - еп во 12 пеења, напишан по угледот на [[Хомер]]. Во него се опеани доживувањата на Енеј по поразот на Троја, доаѓањето во Италија, борбите во Латија со домашното население и со рутулскито крал Турно. Вергилиј не го завршил епот, а последната негова желба била делото да се запали, но на интервенција на императорот Август, тоа не било направено.
* „Вергилиевиот додаток“ (''Appendix Vergiliana'') - кратки песни зачувани под името на Вергилиј, чија автентичност не е потврдена.
 
==Значење и влијание==