Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 66:
 
Колку пати треба да ти објаснувам дека Википедија не функционира на поимање од страна на поединец туку ја предводи група, па така треба да покажеш факти кои ќе докажат дека на македонски јазик, турската група на јазици се нарекува „туркиски“ (како што тврдиш), а не самоволно да променуваш по статии. Воедно, ситните уредувања кои ги вршиш по статии, не можат да поминат доколку во тие внесуваш и вакви спорни работи. Најдобронамерно те опоменувам, но доколку повторно не покажеш интерес првин да покажеш факти и само да вршиш промени во статиите, ќе следи блокирање на подолг период. Поздрав --[[User:Ehrlich91|Ehrlich91]] <small>([[User talk:Ehrlich91|разговор]])</small> 19:37, 26 март 2018 (CEST)
Во ред, еве најдов докази дека оваа група на јзици се нарекува туркиски, а не турски. Книгата е напишана од универзитетски професор, така да мислам дека е релевантен доказот. Вториот доказ е од иранскиот културен центар за Србија и Македонија, а третиот од еден македонски сајт.
 
http://eprints.ugd.edu.mk/3320/1/__fileserver_userfiles$_violeta.nikolovska_Desktop_e- posta_Македонски јазик_скрипта.pdf
Според некои истражувачи, се смета дека во светот се зборуваат околу 3000 јазици, кои се групираат во 19 јазични семејства. Ќе споменеме некои од нив: индоевропски јазици, семитско-хамитски јазици, баскиски, кавкаски, угрофински јазици (унгарски, фински, естонски, лапонски), '''туркиски''' (турски, татарски), монголски, азиски (надвор од другите јазични семејства, меѓу кои се и јапонскиот и корејскиот јазик), палеосибирски јазици, кинеско-тибетски, јазиците во Австралија и Океанија, американските индијански јазици.
 
http://iran.mk/about-iran/about-iran-1
Кога станува збор за јазиците, и тука доминира изразена разноликост. Повеќе од половина од населението на Иран – околу 58% – зборува персиски јазик или некој од неговите дијалекти, додека '''туркиски''' јазици и дијалекти зборува 26% од популацијата, курдски 9%, лори 2%, балучи 1%, арапски 1%, турски 1%, а останатите јазици се застапени со околу 2%.
 
http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/narodite-na-sibir/
Тувинската Република се наоѓа на јужниот дел на Сибир, по должина на границата со Монголија и Кина. Со векови тие потпаѓале под власта на моќните соседи. Тува конечно во 1912 година прогласила независност од Кина и веднаш станала руски протекторат. Тувинците се многу сродни со Монголите и нивниот јазик, иако според потеклото главно е '''туркиски''', имаат многу монголски зборови. Тие имаат богата музичка традиција – познати се по „грленото пеење“, каде еден човек произведува повеќе ноти одеднаш и ги обликува во мелодија. [[User:Sashko1999|Sashko1999]] <small>([[User talk:Sashko1999|разговор]])</small> 21:56, 28 март 2018 (CEST)