Разлика помеѓу преработките на „Атентат врз Франц Фердинанд“

дополнување
(#1Lib1Ref)
(дополнување)
 
Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на [[Голема Србија]] или [[Југославија]].<ref>Владимир Ћоровић, Односи између Србије и Аустро-Угарске у ХХ веку, стр. 629. </ref> Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како [[Млада Босна]] и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ - Апис. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.
 
 
 
Атентаторите и заговорниците кои биле уапсени, осудени и казнети во Сараево во октомври 1914, а останатите ги осудила Србија во 1916-1917 година, во привремен суд во Солун, тогаш под француска окупација. Она што се знае за атентатот главно доаѓа од овие судења. Иницијаторите и причините за атентатот се многу деликатно прашање, бидејќи овој настан довел до почетокот на [[Првата светска војна]], кога Австро-Унгарија, предизвикана од атентатот, ѝ објавила војна и ја нападнала Србија еден месец подоцна.
 
Србија не ги прифатила овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската. Истовремено, Австро-Унгарија го потврдила своето сојузништво со Германија и Унгарија, и на 28 јули 1914 ѝ објавила војна на Србија. Ова го означило почетокот на [[Првата светска војна]], во која набрзо се вклучиле и Франција, Русија, Германија и Велика Британија.
== Наводи ==
 
[[Категорија:Историја на Југославија]]