Ереванско метро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
|name = Ереванско метро
|image = File:Yerevan Metro.svg
|imagesize= 100px
| image2 = [[File:Republiq Square Metro Station Fountains.jpg|300px|Фонтани на плоштадот „Република“ на метро станица ]]
| alt2 =
| imagesize2 = 300px
| caption2 =
|native_name = Երևանի մետրոպոլիտեն
Ред 28:
 
Системот започнал да работи во [[1981]] година и како и повеќето од поранешните советски метрополи, неговите станици се многу длабоки (20-70 метри под земја) и се комплексно украсени со национални мотиви. Метрото работи на 13,4 километарска линија и во моментов има 10 активни станици<ref name="metro-loans" />. Употребата на системот драстично се намалило во последниве години како резултат на воведувањето на нов систем за [[минибус]].
 
== Историја ==
 
[[Ереван]], главниот град на [[Ерменија]], доживеал значителен раст за време на поствоениот период кога бил главен град на [[Ерменска Советска Социјалистичка Република]]. Поради нерамномерниот пејзаж на градот, само подземниот систем можел да ги исполни сите критериуми за ефикасно транспортирање на голем број луѓе низ градот. Првите планови за брз транзитен систем започнале да се формираат кон крајот на 1960-тите, под покровителство на Антон Кочињан, тогашниот прв секретар на [[Комунистичка Партија на Ерменија|Комунистичката Партија на Ерменија]]. Првично, ова било центрирано на брз трамвајски систем, наместо целосен подземем метро систем. Во тоа време, Одделот за советско планирање на градското инженерство јасно кажал дека системот на метро ќе се доделува само на градови со повеќе од еден милион население, што на почетокот на изградбата во Ереван го немало. Сепак, сите тунели во кои требало да се инсталираат трамвајските линии биле изградени со дизајн кој би овозможил потенцијална конверзија во целосен подземен метро систем.
 
До крајот на [[1978]] година, над 4 км тунели веќе биле проектирани, а кога плановите биле редизајнирани, така што системот бил пренаменет како целосно подземно метро (иако за да се избегнат дополнителни бирократски мерки, системот продолжил да биде официјално нарекуван ''Брз трамвај'' до неговото отворање).
 
На [[7 март]] [[1981]] година системот бил триумфално отворен, станувајќи осмиот советски метро систем, со првите четири станици и со должина од 7,6 километри. Оттогаш, системот се зголемил на 13,4 километри<ref name="metro-loans" />.
 
Инженерската работа била со толку висок квалитет што за време на земјотресот во Ерменија во [[1988]] година, Метрото успеало да го издржи земјотресот што ја парализирала целата република и продолжило да работи наредниот ден, со само една мала штета. Сепак, ова не ставило крај на повеќето проекти за проширување, бидејќи финансиите биле пренасочени кон реконструкција на уништената инфраструктура на други места во [[Ереван]] и [[Ерменија]].
 
На [[28 декември]] [[1999]] година метрото било преименувано по [[Карен Демирчјан]], човекот кој бил одговорен за промена на статусот на системот од брз трамвај во метро, ​​откако бил убиен два месеца претходно во терористички напад ви ерменскиот парламент.