Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Sashko1999 (разговор), вратено на последната верзија на Hristijan Kicho
Ознака: Отповикување
Ред 20:
Според вестите што ги собрал Ј. Иванов од [[Крива Паланка]] би излегувало дека Јоаким бил родум од кратовските села, дошол во Паланка и таму живеел до својата смрт. Кај неговите внуци се чувала сингелија за располагањето на Јоаким за свештеник, пишувана на [[црковнословенски јазик]], издадена во 1787 година од скопскиот митрополит Захариј (Ј. Иванов, меѓутоа, немал можност и лично да го види тој документ).
 
Јоаким имал три сина, осод кои свајцатадвајцата исто станале попови: Давид јереј останал во [[Крива Паланка|Паланка]], Геогри јереј се преселил во [[Кратово]], а третиот син во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]]. Ј. Иванов соопштува и за една белешка во зборник што му припаѓал некогаш на кратовчанецот Коџе Хаџи Трајчев, а која гласи: „Занимавалсја Х. Јоаким исповедник в град Кратово, 1781 година“. Тој смета дека оваа белешка потекнува од самиот писател, меѓутоа А.М. Селишчев ја отфрла таа претпоставка излегувајќи од јазичните и ортографските особености одразени во неа. Тој укажува и на несоодветноста на датумот: Јоаким, којшто, според сингелијата, станал свештеник во 1787 година, не можел да биде веќе неколку години пред тоа исповедник.
 
Исвесна поткрепа на веста дека Јоаким потекнувал од [[Кичево]], односно Кичевско (с. [[Осломеј]]), наоѓаме во неговото презиме Крчовски, кое може да се изведува од турската варијанта на името на Кичево (Крчова: таа варијанта е употребена во запис од 1846 година во псалтир што му припаѓал на Шишевскиот манастир кај [[Скопје]]: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“; дека била обична и во македонската средина се гледа особено од тоа што и Миладиновци ја употребиле во белешка при пресната бр. 339: От Крчово, кун Дебарските места). И јазикот на Јоаким содржи особености што можат да го потврдат преданието дека неговата фамилија потекнува од Кичевско. А.М. Селишчев во својата студија за хаџи Јоакима и за јазикот на неговите книги забележа дека во тој јазик се среќаваат и елементи на централномакедонските говори. Тие се среќаваат спорадично насекаде и во делови за кои е јасно дека се препишувани од оригинали што немаат врска со [[Западна Македонија]]. Останува како најприродно објаснението дека тие елементи се влезени во текстовите на Крчовски од неговиот роден западномакедонски говор.