Петко Славејков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
 
Тој развил важни културни и едукативни активности и до [[1847]] година собрал 2263 песни и поговорки. Од [[1852]] година ги печати првите книги - ''„Смесена китка“, „Песнопојка“, „Басненик“''. Ја напишал поемата „Бојка војвода“ (1853) под влијание на револуционерните настани околу [[Кримска војна|Кримската војна]] (1853-1856). Учествувал во заговорот за неуспешниот бунт на дедо Никола во Трново (1856). Како учител во [[Трговиште]] објавувал во бугарскиот сатиричен весник „Гајда“. Откако работел некое време во [[Варна]], заминал за [[Цариград]], поканет во [[1864]] година за да го редактира бугарскиот превод на [[Библија]]та (на источно бугарско наречје) од Бугарското библиско друштво заедно со Алберт Лонг, Елајс Ригс и Христодул Сичан-Николов, чиј комплетен превод бил отпечатен во [[1871]] година во [[Цариград]].
 
Во [[Цариград]], Славејков го издавал весникот „Гајда“ (1863-1867), весникот „Македонија“ (1866-1872), списанието „Ружица“ (1871), списанието „Пчелица“ (1871), списанието „Читалиште“ (1872-1873), во. „Шутош“ (1873-1874), „Костурка“ (1874). Славејков се појавил како најпознатиот бугарски писател во тоа време во [[Цариград]]. Издал повеќе од 60 книги, весници и списанија (оригинални и преведувачки). Тој учествувал во црковната борба и станал еден од нејзините лидери. Подоцна, тој бил учител во [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Во [[1873]] година ја создал познатата поема „Изворот на белоногата“.
 
За написот „Двете касти и власти“ (во весникот „Македонија“) бил уапсен и обвинет за врски со [[Бугарски револуционерен централен комитет|револуционерниот комитет]] во [[Букурешт]].
 
По патувањето до [[Македонија]], во [[1874]] година Петко Славејков учествувал во основањето на бугарска гимназија во [[Едрене]], каде се борил против грчкото влијание врз [[Бугари]]те. Подоцна бил учител во [[Стара Загора]], пишувал воинствени песни (1876), и за кратко повторно бил во затвор по [[Априлско востание|Априлското востание]]. По заземањето на [[Стара Загора]] од руските војски во [[1877]] година бил назначен за претседател на градската управа. При последното палење на градот, тој ги изгубил многу ракописи и собраните 15 000 изреки. Во наредните месеци соработувал на руските војници, преведувал, станал сведок на победата кај Шипка.
 
Во своите дела, Славејков дополнително го изградил бугарскиот јазик. Пишувал историски патриотски песни и поеми, љубовна и пејзажна лирика под влијание на руските поети [[Александар Сергеевич Пушкин]], [[Афанасиј Фет]] и [[Николај Карамзин]]. Зачувани се делови од историски патриотски песни (напишани најверојатно под влијание на Паисиевата историја - „Крумијада“, „Кралев Марко“, „Самуилка“). Издал два зборници со народни песни (1860, 1868), и ги обновил собраните изреки (17 000 на број).
 
Освен поет, писател и новинар, П. Р. Славејков во бугарската литература е познат и како преведувач, филолог, фолклорист, основоположник на бугарската литература за деца, автор на учебници, географ, историчар и мемоарист.
 
Во [[1875]] година Славејков станал дописен, а во [[1884]] година и почесен член на Бугарското книжевно друштво (денес [[Бугарска академија на науките]]).