Петко Славејков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
Славејков имал четири деца, меѓу кои и политичарите [[Иван Славејков]] и [[Христо Славејков]], публицистотот [[Рачо Славејков]] и поетот [[Пенчо Славејков]].
 
== Биографија==
=== Потекло и млади години===
 
Петко Славејков е роден на [[17 ноември]] [[1827]] година во [[Велико Трново]], во домот на Рачо Казанџијата. Неговата мајка, Пенка, починала при неговото раѓање, а детето по чудо било спасено. Дедото на Петко Славејков, Рачо Чехларја, бил од [[Банско]] или [[Јакоруда]]. Поради убиството на еден Турчин кој го принудил да го носи на грб низ реката [[Глазне]], тој бил принуден да побегне и да се пресели во Трново. Таткото на Петко, исто така, се викал Рачо, но не го зел презимето Казанџија. Тој бил слабо образован, но имал горд бугарски дух. Во селото на неговата мајка, [[Вишовград]], Петко гледал славеи кои го импресионирале толку многу што го променил своето презиме во Славејков.
 
Славејков студирал последователно во [[Велико Трново]], [[Дрјаново]], [[Трјавна]] и Преображенскиот манастир. Сепак, интензивно се самообразовал со многу читање во библиотеките на манастирите околу [[Велико Трново]]. Главна улога за неговото образование изиграло делото „[[Историjа словенобугарска]]“ на [[Свети Паисиј Хилендарски]]. Подоцна учел во [[Свиштов]] (кај [[Емануел Васкидович]]) каде ги проширил своите знаења по грчки и се запознал со дела од српската и западноевропски литература. Неговото прво литерарно дело „''Акатист на три светители''“ е зачувано.
 
== Просветна и литературна дејност==