Протоплазма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 13:54, 1 април 2006

Протоплазмата е живата содржина на клетката. Нејзиното име е изведено од грчкиот збор protos, што значи прв. Протоплазмата е специјална материја која не се содржи во неживата природа. Неа ја сочинуваат многубројни органски и неоргански материи. Од органските најважни се протеините и нуклеинските киселини, а од неорганските водата и минералните материи. Сите овие материи на еден специфичен начин се поврзани во одделни системи, како клеточната мембрана, органелите и гликокаликсот кај животните, со што на протоплазмата и даваат особеност на живот. Протоплазмата има заеднички својства, било да се содржи во клетката на растението, животното, монерата, габата или протистата.