Галиполска операција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
'''Галиполската операција''' исто така позната како '''Дарданелски поход''' или '''Битка на [[Галиполе]]''' била водена во текот на [[Првата светска војна]] во периодот од [[25 април]] [[1915]] година до [[9 јануари]] [[1916]] година. Конфликтот бил меѓу силите на [[Антанта]]та на чело со [[Велика Британија]] и [[Франција]] од една страна и [[Отоманската империја]] од друга страна. Целта на операцијата била по крајот на оваа битка да се навлезе кон престолнината [[Константинопол]] и да се обезбеди патот кон [[Русија]]. Овој обид не бил успешен и имал големи загуби и на двете страни. Овој [[поход]] се смета за една од најголемите победи на [[Турци]]те во текот на Првата светска војна.
 
Овој конфликт од страна на зафатените народи бил прифатен со големо влијание. Во Отоманската империја или Турција, битката се сметала за голем момент од историјата на Турција за одбрана на татковината бидејќи самата [[Отоманска империја]] веќе одамна била во процес на распаѓање. Овој конфликт ја поставил основата за понатамошната војна за турската независност и формирањето на Република Турција по осум години на чело со [[Мустафа Кемал Ататурк]] кој бил командант во [[Галиполе]].<ref>Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918 1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 182 - 183.</ref>
 
== Битка ==