Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
дополнување
Ред 10:
Со влегувањето на [[Романија]] во војната кон крајот на август 1916 година бугарските сили преминале во одбрана. На [[11 септември]] [[1916]] година, силите на Антантата, предводени од францускиот генерал [[Морис Сарај]], преминале во контраофанзива во правецот на Горничево и [[Битола]]. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиле одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]], тие ја зазеле [[Битола]], а по тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнала и настапило затишје на целиот фронт.
 
Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се воделе повеќе позициони борби од локално значење кај реката [[Струма]], [[Црна Река]] и долж [[Вардарска Долина|Вардарската Долина]], кои не предизвикале некои поголеми територијални промени. Независно од политичките калкулации на Лондон и Рим, подготовките за пробојот на Солунскиот фронт отпочнале во средината на јули. Колебања немало ни кај војводата Мишиќ и српските офицери и војниcи, но ни кај генералот [[Франше Д'Епере]]. И самата француска влада, по анализите на целокупната ситуација на бојното поле, дошла до заклучок дека офанзивата на Балканот, со оглед на колебливостa на Бугарија, има политичко оправдување. Во воена смисла, Париз проценувал дека напорот на сојузниците ќе има смисла доколку постигнатите резултати ги пречекорат локалните рамки.<ref>Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр.322</ref> Во склад со ова, Врховниот воен совет на 29 јули дефинитивно дал дозвола за офанзива на Солунскиот фронт.<ref>П.Петар Опачић, „Слом Централних сила на балканском ра¬тиш¬ту 1918. године. Пробој Солунског фронта“, стр. 286-287</ref> На [[15 септември]] [[1918]] година, силите на Антантата, предводени од францускиот маршал Д'Епере (наследникот на Сарај), започнале силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесле во [[Пелагонија]], на десниот брег на реката [[Вардар]], [[Црна Река]] и во реонот на [[Дојран]]. Под жестокиот притисок на сојузниците, бугарско-германските трупи биле принудени на повлекување кон [[север]] и до бугарската граница. Сојузниците зазеле повеќе делови во [[Вардарска Македонија|вардарскиот дел на Македонија]], а на [[29 септември]] [[1918]] година [[Бугарија]] била принудена да потпише примирје, согласувајќи се да ја напушти [[Вардарска Македонија]], задржувајќи ги само [[Пиринска Македонија]] и Струмичката област со градот [[Струмица]], која подоцна ја загубила во корист на [[Србија]] со [[Нејски мировен договор|Нејскиот мировен договор]] од [[1919]] година.
 
Бугарската војска била распоредена на фронтот околу [[Битола]] и на [[Ниџе]], германската 11. армија ја контролирала долината на [[Вардар]] до [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]], а Втората бугарска армија била распоредена од Дојранското Езеро до [[Орфански Залив|Орфанскиот Залив]]. Вкупната должина на Македонскиот фронт изнесувала околу 400 [[Километар|километри]].<ref>„Само Македонците немаат споменик иако гинеле од двете страни на фронтот!“, ''Публика - неделен политички прилог'', број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 6.</ref>