Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
#1Lib1Ref
Ред 10:
Со влегувањето на [[Романија]] во војната кон крајот на август 1916 година бугарските сили преминале во одбрана. На [[11 септември]] [[1916]] година, силите на Антантата, предводени од францускиот генерал [[Морис Сарај]], преминале во контраофанзива во правецот на Горничево и [[Битола]]. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиле одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]], тие ја зазеле [[Битола]], а по тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнала и настапило затишје на целиот фронт.
 
Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се воделе повеќе позициони борби од локално значење кај реката [[Струма]], [[Црна Река]] и долж [[Вардарска Долина|Вардарската Долина]], кои не предизвикале некои поголеми територијални промени. Независно од политичките калкулации на Лондон и Рим, под¬готовкитеподготовките за пробојот на Солунскиот фронт отпочнале во сре¬ди¬на¬тасредината на јули. Колебања немало ни кај војводата Мишиќ и срп¬ски¬тесрпските офицери и војниcи, но ни кај генералот Д’Епере[[Франше Д'Епере]]. И самата фран¬цускафранцуска влада, по анализите на целокупната ситуација на бој¬но¬тобојното поле, дошла до заклучок дека офанзивата на Балканот, со ог¬ледоглед на колебливостa на Бугарија, има политичко оправдување. Во воена смисла, Париз проценувал дека напорот на сојузниците ќе има смисла доколку постигнатите резултати ги пречекорат локалните рамки.<ref>Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр.322</ref> Во склад со ова, Врховниот воен совет на 29 јули де¬финитивнодефинитивно дал дозвола за офанзива на Солунскиот фронт.<ref>П. Опачић, „Слом Централних сила на балканском ра¬тиш¬ту 1918. године. Пробој Солунског фронта“, стр. 286-287</ref> На [[15 септември]] [[1918]] година, силите на Антантата, предводени од францускиот маршал [[Франше Д'Епере]] (наследникот на Сарај), започнале силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесле во [[Пелагонија]], на десниот брег на реката [[Вардар]], [[Црна Река]] и во реонот на [[Дојран]]. Под жестокиот притисок на сојузниците, бугарско-германските трупи биле принудени на повлекување кон [[север]] и до бугарската граница. Сојузниците зазеле повеќе делови во [[Вардарска Македонија|вардарскиот дел на Македонија]], а на [[29 септември]] [[1918]] година [[Бугарија]] била принудена да потпише примирје, согласувајќи се да ја напушти [[Вардарска Македонија]], задржувајќи ги само [[Пиринска Македонија]] и Струмичката област со градот [[Струмица]], која подоцна ја загубила во корист на [[Србија]] со [[Нејски мировен договор|Нејскиот мировен договор]] од [[1919]] година.
 
Бугарската војска била распоредена на фронтот околу [[Битола]] и на [[Ниџе]], германската 11. армија ја контролирала долината на [[Вардар]] до [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]], а Втората бугарска армија била распоредена од Дојранското Езеро до [[Орфански Залив|Орфанскиот Залив]]. Вкупната должина на Македонскиот фронт изнесувала околу 400 [[Километар|километри]].<ref>„Само Македонците немаат споменик иако гинеле од двете страни на фронтот!“, ''Публика - неделен политички прилог'', број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 6.</ref>