Спортско ориентирање: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
текст
(нема разлика)

Преработка од 17:37, 3 септември 2008

Ориентирањето е спорт за кој е потребно знаење и умешност со помош на карта и бусола брзо да се движиш во непознат терен.

Успехот на овој спорт зависи од брзото и точно решавање на разновидните задачи со здобиени здобиени теоретски и практични познавања од топографијата, висока општофизичка, тактична и психичка подготовка.

Спортското ориентирање е вид на натпревар кој се изразува преку следниве карактеристики: на топографска карта на теренот, каде што се изведува натпреварот, судиите вцртуваат маршрута (патека) со должини соодветни на категориите на учесниците на натпреварот по утврден правилник. Оние натпреварувачи кои ќе ги пронајдат сите контролни точки (КТ) за што пократко време, се пласираат на високите места на ранг-листата во лигата за ориентација.

Техниката на ориентирање ги содржи следниве елементи:

  • читање на карта;
  • движење по азимут;
  • оценка на растојанието;
  • откривање (наоѓање) на КТ.

Овие натпревари се организираат во: поединечна, екипна и штафетна конкуренција, а исто така се поделени по возраст и пол. Во поединечни натпревари секоја категорија си има посебна точно определена патека и број на контролни точки.