Инвазија на Полска (1939): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
'''Инвазија на Полска''' или '''Септемвриска Кампанија''' ([[полски]] ''Kampania Wrześniowa, wojna obronna Polski 1939'') — заедничка инвазија на [[Полска]] од страна на [[Трет Рајх|Германија]], [[Советскиот Сојуз]], [[Слободeн град Данциг|Данциг]] и мал [[Словачка инвазија на Полска|словачки контингент]] што го означило почетокот на [[Втората светска војна]]. Германската инвазија започнала на [[1 септември]] [[1939]] година, една недела по потпишувањето на [[Пакт Рибентроп-Молотов|Пактот Рибентроп-Молотов]], додека [[Советска инвазија на Полска|советската инвазија]] започнала на [[17 септември]] по договорот Молотов-Того кој ги прекинал советските и јапонските непријателства на исток на [[16 септември]]<ref name="Goldman p. 163, 164">Goldman p. 163, 164</ref> . Кампањата завршила на [[6 октомври]] кога Германија и Советскиот Сојуз ја поделиле и анектирале целата Полска според условите на [[Германско-советски пограничен договор|Германско-советската погранична спогодба]].
 
Германските сили ја нападнале Полска од север, југ и западно наутро по т.н. [[Инцидент Глајвиц]]. Словачките сили напредувале заедно со [[Германци]]те во северна Словачка. Како што напредувал [[Вермахт]]от, така полските сили започнале повлекување од своите позиции. По полскиот пораз во септември во [[Битка кај Бзура|битката кај Бзура]], Германците добиле неоспорна предност. Полските сили потоа се повлекле на југоисток, каде што се подготвувале за долга одбрана на Романскиот Плацдарм, чекајќи поддршка ја најавената подршка од [[Франција]] и [[Обединетото Кралство]]<ref name="Balisze">Dariusz Baliszewski (19 September 2004), ''[https://web.archive.org/web/20160617193358/https://www.wprost.pl/66711/Most-honoru Most honoru.]'' Tygodnik ''Wprost'' (weekly), 38/2004. ISSN 0209-1747.</ref>. И покрај тоа што тие имале договор односно пакт со Полска поради кое и објавиле војна на Германија на 3 септември, сепак на крајот нивната помош за Полска била многу ограничена.
 
По инвазијата на советската [[Црвена армија]] на Источна Полска на [[17 септември]], во согласност со тајниот протокол на Пактот Молотов-Рибентроп, станало јасно дека полскиот план за одбрана е застарен<ref name="WIF2">{{cite book |title=A World in Flames: A Short History of the Second World War |last=Kitchen |first=Martin |year=1990 |publisher=Longman |isbn=0-582-03408-6 |page=74|url=https://books.google.com/?id=0t-fAAAAMAAJ&q=%22The+joint+invasion+of+Poland+was+celebrated+with+a+parade+by+the+Wehrmacht+and+the+Red+Army+in+Brest+Litovsk%22&dq=%22The+joint+invasion+of+Poland+was+celebrated+with+a+parade+by+the+Wehrmacht+and+the+Red+Army+in+Brest+Litovsk%22|accessdate=2 November 2011 }}</ref>. Соочувајќи се со втор фронт, полската влада заклучила дека одбраната на Романскиот Плацдарм повеќе не е изводлива и наредила итна евакуација на сите војници во неутрална Романија{{sfn|Sanford|2005|pp=20–24}}. На [[6 октомври]], по полскиот пораз во [[Битка кај Коцк|битката кај Коцк]], германските и советските сили добиле целосна контрола над Полска. Успехот на инвазијата го означило крајот на [[Втора Полска Република|Втората Полска Република]], иако Полска никогаш формално не се предала.
 
На [[8 октомври]], по почетниот период на воената администрација, Германија директно ја анектирала западна Полска и поранешниот Слободен град Данциг. Советскиот Сојуз ги инкорпорира новоприобретите области во нејзините составни белоруски и украински републики. Како последица на инвазијата.