Свети Климент Охридски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
поголемиот дел од македонската литература го споменува како „македонски“ архиепископ, учител и светец
Ред 26:
}}
 
'''Свети Климент Охридски''' ([[840]] - [[27 јули]] [[916]], [[Охрид]]) — [[Словени|словенски]]македонски [[светец]] и еден од учениците на светите [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]] кој учествувал во извршувањето на [[Моравска мисија|Моравската мисија]]. По смртта на [[Св. Методиј Солунски|Методиj]], бил истеран од Панонија од [[Германи|Германите]] и заедно со [[Свети Наум Охридски Чудотворец|Наум]] и Ангелариј побарале спас во тогашна [[Прво бугарско царство|Бугарија]]<ref>{{нмс|title=Свети Климент, архиепископ Охридски|url=http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1641|accessdate=6 јануари 2011|language=Македонски}}</ref>.
 
По барање на бугарскиот цар [[Борис I]] оди во [[Охрид]], (административно регионот во тогашното царство бил познат како [[Кутмичевица]]) каде во [[886]] година ја формира [[Охридска книжевна школа|Охридската книжевна школа]] или попозната како ''„Прв словенски универзитет“'', од кој излегле 3500 подготвени ученици. Тој е познат македонски и словенски учител, aи исто така е познат и по градот Охрид.
 
Св. Климент бил и првиот ''Епископ Словенски'' со титула ''Епископ Велички''.
 
Во чест на светецот, во [[Македонија]] и [[Бугарија]] многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во [[Скопје]] (соборниот храм) го носи името на свети Климент, исто така [[Бугарска научна база „Св. Климент Охридски“|бугарската антарктичка база]], [[Универзитет Свети Климент Охридски Битола|универзитетот во Битола]], [[Софиски универзитет|Софискиот државен универзитет]] и [[Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“|Националната и универзитетска библиотека на Македонија]] го носат неговото име.
 
==Мошти==
Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во [[Македонија]], во [[Црква „Св. Климент и Пантелејмон“ - Охрид|Плаошник]], а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во [[Бигорски манастир |Бигорскиот манастир]], во [[Митрополитска резиденција - Битола|Митрополијата во Битола]], во [[Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје|црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје]], во [[Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје|црквата „Св. Климент Охридски“ - Скопје]] и во [[Поречки манастир|Поречкиот манастир]]. Во црквата на [[Црква Свети Седмочисленици (Софија)|Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија)]], има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во [[Пловдив]] има честица од моштите кои се подарок од [[МПЦ-ОА]] во 2008 година. Неговиот [[череп]] се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај [[Бер]] (Верија), во [[Егејска Македонија]]. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која [[Турци]]те ја претвориле во [[џамија]], во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата [[Св. Богородица Перивлепта]]. Монасите веднаш ја однесле главата во манастирот во Бер, каде св. Климент Охридски станал монах.<ref>Бранко Ѓорѓевски, „Грчките владици го донесоа черепот на свети Климент Охридски во Софија“, ''Дневник'', година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 2.</ref> Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во [[Рим]].
 
== Дела ==
[[Податотека:St Clement of Ohrid with model.jpg|мини|лево|Споменик на свети Климент Охридски во [[Охрид]]]]
[[Податотека:Sv. Kliment i Pantelejmon Plaošnik 06.JPG|thumb|250px|Возобновената [[црква „Св. Пантелејмон“ - Плаошник]] во [[Охрид]], на местото на книжевната школа формирана од св. Климент. Денес овде се положени моштите на св. Климент.]]
 
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: [[св. Ѓорѓи]], [[св. Тома]], [[св. Антониј]], потоа слова посветени на [[Богородица]] и слова посветени за настаните од животот на [[Исус Христос]].