Фридрих Шилер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 18:
* „Писма за естетското воспитување на човекот“
 
Уште додека бил жив, Шилер стекнал голема поетска слава која ги надминала границите на [[Германија]]. Како резултат на тоа, во 1792 година, парискиот Конвент го прогласил за почесен граѓанин на [[Француска Република|Француската Република]]. Но, по смртта[[смрт]]та, Шилер имал чудна судбина: од една страна, со децении бил немилосрдно копиран и цитиран, и тоа во толкава мера што, според зборовите на В. Мушг, „неговите дела понекогаш потсетуваат на изгазени панаѓурски ливади на кои не останал ниту една зелена тревка.“; истовремено, неговото творештво било присвојувано и злоупотребувано од многу [[Идеологија|идеологии]], а тој бил истакнуван како носител на германската национална идеја; од друга страна, како поет, долго време, Шилер бил ставан рамо до рамо со Гете, но подоцна, неговото дело почнало критички да се преоценува.<ref>Miloš Đorđević, „Šiler i njegove pesme“, во: Fridrih Šiler, ''Knjiga poezije''. Beograd: Rad, 1964, стр. 65-66.</ref>
 
Последната деценија од својот живот, Шилер ја поминал во блиска соработка со [[Гете]], со кого имал богата преписка. Притоа, Гете го сметал Шилер за пријател и за рамноправен соработник, сметајќи го за „роден поет“ кој „облагородува сè што ќе допре“. Гете се воодушевувал на прогресивната линија во поетскиот развој на Шилер, велејќи дека „секој ден тој беше поинаков и посовршен“. Оттука, воопшто не треба да зачудува тоа што на споменикот во [[Вајмар]], Шилер стои веднаш до Гете.<ref>Miloš Đorđević, „Šiler i njegove pesme“, во: Fridrih Šiler, ''Knjiga poezije''. Beograd: Rad, 1964, стр. 66.</ref>
 
===Поетското творештво на Шилер===