Разлика помеѓу преработките на „Франсес Мекдорманд“

с
нема опис на уредувањето
(нова статија)
 
с
'''Франсес Луис Мекдорманд''' (родена на 23 јуни 1957 г.) — американска глумица.
 
Таа е една од малкуте глумици која ги има добиено трите најпрестижни награди за глума: [[Оскар за најдобра глумица|Оскар]] за ''[[Фарго]]'' (1996), [[Награда Тони]] за [[Бродвеј (театар)|бродвејската]] претстава ''[[Добри луѓе (претстава)|Добри луѓе]]'' (2011), и [[Награда Еми]] за минисеријата ''[[Олива Китериџ (минисерија)|Олива Китериџ]]'' (2014). Мекдорманд исто така добила [[Златен глобус]] за нејзината изведба во ''[[Три билборди надвор одпред Ебинг, Мисури]]'' (2017).<ref>{{cite news|last1=Grobar|first1=Matt|title=‘Three Billboards’ Star Frances McDormand Expresses Gratitude For Tectonic Shift In Entertainment Industry|url=http://deadline.com/2018/01/frances-mcdormand-golden-globe-best-actress-drama-1202237657/|date=January 7, 2018|work=Deadline|accessdate=January 7, 2018}}</ref>
 
Таа е во брак со режисерот [[Џоел Коен]] и глумела во многу разновидни филмови режирани од [[Браќа Коен|браќата Коен]], вклучувајќи ги ''[[Крваво едноставно]]'' (1984), ''[[Одгледувајќи ја Аризона]]'' (1987), ''Фарго'' (1996), ''[[Човекот што не беше таму (филм од 2001)|Човекот што не беше таму]]'' (2001), ''[[Запали по читањето (филм)|Запали по читањето]]'' (2008) и ''[[Аве, Цезар!]]'' (2016). Таа три пати била номинирана за [[Оскар за најдобра глумица во споредна улога]], и тоа за нејзините изведби во филмовите ''[[Мисисипи во пламен]]'' (1988), ''[[Речиси славни]]'' (2000) и ''[[Северна земја (филм)|Северна земја]]'' (2005). Таа исто така глумела во филмовите ''[[Кратки резови]]'' (1993), ''[[Исконски страв (филм)|Исконски страв]]'' (1996), ''[[Златни момци]]'' (2000) и ''[[Љубовта нема правила (филм од 2003)|Љубовта нема правила]]'' (2003) и го позајмила својот глас во анимираниот авантуристички филм ''[[Добриот диносаурус]]'' (2015).