Долни Подлог: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Долни Подлог''' е село во [[Општина Кочани]], во околината на градот [[Кочани]].
 
{{Мак-никулец}}
 
<!-- Ако имате податок, напишете го после знакот = -->
{{Инфокутија за село во Република Македонија|
| слика мапа=
Ред 20:
 
== Географиja и местоположба ==
Селото се наоѓа во [[Кочанска Котлина|Кочанското Поле]], недалеку од текот на [[Брегалница]]. Селото е рамничарско, на надморска височина од 312 метри. Од градот [[Кочани]], населбата е оддалечена 4,5 километри, а од патот [[Кочани]] - [[Штип]], 2,5 километри.
 
== Историja ==
Според статистиката на [[Васил К’нчов|Васил К'нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во Долни Подлог живееле 182 жители, од кои 100 [[Турци]], 70 [[Македонци]] и 12 [[Роми]].<ref name=":0">[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_32.htm Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.]</ref>
 
Според секретарот на бугарската егзархија [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Долни Подлог имало 80 [[Македонци]], егзархисти.<ref name=":1">D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.</ref>
 
Во 2002 година во селото имало 151 домаќинство и 476 жители, од кои 475 [[Македонци]] и 1 останат.<ref>http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.</ref>
 
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:<ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.</ref>
{| class="wikitable"
!Година
!1900
!1905
!1948
!1953
!1961
!1971
!1981
!1991
!1994
!2002
|-
|'''Население'''
|182<ref name=":0" />
|80<ref name=":1" />
|310
|394
|514
|513
|494
|480
|477
|476
|}
 
== Економија ==
Ред 33 ⟶ 66:
 
{{Села во Општина Кочани}}
Кога зборуваме за Долни Подлог, мислиме на едно прекрасно село во Кочанско, кое се карактеризира со богато културно како и историско богатство. Во ова место се случувале големи историски пресврти како од времето на Османлиската Империја, така и од времето на Фашизмот. Ова го потврдуваат најстарите жители на Долни Подлог како и историските извори кои датираат од тој временски период. Најзначајни од нив се спомен кулата од Османлискиот период која била висока околу 20 метри, како и многуте куќи кои со нивниот ентериер и екстериер сведочат за богатото културно искуство на ова место.
Ова село има потенцијал за развој на туризмот не само поради прекрасните пејсажи кои ни ги нуди туку и поради геотермалните извори кои се карактеризираат со висока лековита способност. Од геотермалниот извор на ова место т.н. Подлог бања се произведува една од најквалитетните минерални води во нашата земја а тоа е минералната вода Аква Вита. Исто така во непосредна близина на бањата се наоќаат оранжериите на нашето село кои се високи производители на ран зеленчук.
Во Долни Подлог секоја година редовно се одржуваат културни и традиционални манифестации по повод Денови на оризот. На овие манифестации се одржува изложба на традиционални македонски јадења дегустирани од посетителите, а исто така значајна за тој ден е и изложбата на Македонски Народи носии. Оваа манифестација посебно ја збогатуваат играорните групи кои не забавуваат изведувајки ги најубавите македонски танци и ора.
Најголем православен празник на ова место е празникот Св. Богородица кога сите фамилии го слават пречекувајки гости со нивната пребогата трпеза. На почетокот на месец август започнуваат Богородичните фудбалски натпревари во ова место чие финале се одржува токму на празникот Св. Богородица односно на 28ми август. И тогаш се доделуваат награди на трите најдобри екипи.
Од особена важност за градежништвото е ново отворената институција Исток Мермер која е еден од најголемите производители на вискоко квалитетни изработки од мермер во нашата земја.
Невозможно е да говориме за Долни Подлог а да не ги напомените прекрасните полиња кои се карактеризираат со плодна почва погодна за одгледување на најразлично земјоделски култури. Од земјоделските култури најмногу се одгледува ориз, пипер, пченица, пченка, бостан, компир и др.
 
[[Категорија:Села во Општина Кочани]]