Свети Кирил и Методиј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Отстрането уредувањето на 77.29.85.21 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Идеологист|Идеологис...
Ознака: Отповикување
Ред 28:
 
== Биографија ==
'''[[Св. Кирил Солунски|Св. Кирил]] и [[Св. Методиј Солунски]]''' се родени браќа од [[Солун]],од угледно и богато македонско[[Византија|византиско]] семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, [[Св. Методиј Солунски|Методиј]], како офицер помина десет години меѓу [[Македонски Словени|македонските Словени]]. Потоа се оддалечи на гората [[Олимп]] и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил ([[Константин Филозоф]]). '''Кирил и Методиј''', познати како [[солун]]ските браќа просветители, имаат голема улога во [[Словени|словенската]] историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
[[Податотека:Kiril and Metodij - Skopje.JPG|thumb|left|175px|Споменик на Св. Кирил и Методиј близу [[Камен мост (Скопје)|Камениот мост]] во [[Скопје]]]]
Во почетокот на [[9 век|IX век]] била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна [[Бугарија]]. Во тоа време [[Византија|Византиската Империја]] доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од [[Цариград]], посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.