Отвори го главното мени

Промени

 
Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. ''„национални приврзаници“'' кои би се искористиле како ''„внатрешни сојузници“'' и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди воглавно дејствувале преку [[Црква|црквите]], [[училиште|училиштата]] и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку [[болница|болниците]]. Покрај овие мерки пропагандите се користеле и со закани до населението, обвиненија и клевети на населението дека се бунтовници, потоа преку користење на ''рушвети'' или поткуп на турските власти. Треба да се истакне дека пропагандата била ширена и преку употреба на сила и дејствување на воружени чети. Вакавата воружена пропаганда особено се засилила по [[Илинденското востание]].<ref><small>''Раѓање на македонската нација, Драган Ташковски, НИК Наша Книга, Скопје, 1970''</small></ref><ref name="VG" />
 
== Општо==
Македонија била тло за разни пропаганди и делувања за територијална анексија на Македонија и асимилација на македонскиот народ. Рацин во еден краток напис изјавил:
 
{{Цитат|Така сега мислат и говорат Хитлеровите агенти у Блгарија и Македонија. Југославија е разгромена, Македонија просоединена кај „мајка“ Блгарија. Со това се тура крај на македонската национално-ослободителна борба. Ако порано српските шовинисти и фашисти признаваја само еден народ у Македонија, српскиот, така исто денеска и блгарските фашисти признавајат да у Македнија живејат само блгари. Разбира се, за това и едните и другите имајат купишта „научни“ и „историјски“ доказателства и тапии, но при се това македонбскиот народ со сила го правеја српски или блгарски. А истината беше само това што у Македонија као срби или блгари се осекјаваше едно малко или поголемо малцинство от народот. Огромниот дел од македонскиот народ...|Коста Солев Рацин<ref>[https://mk.wikisource.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0_%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%B2_%D0%A0%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BD/_%D0%A0%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD_%D0%BB%D0%B8_%D0%B5_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82_%D0%B2%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%3F Решен ли е македонскиот вопрос?], Рацин, 1940те.</ref>}}
 
== Грчката пропаганда во Македонија ==