Историја на Русија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Киевска Русија: ситна поправка
→‎Киевска Русија: дополнување
Ред 43:
Во [[11 век]], [[Кумани]]те основале држава во јужниот [[Степа|степски]] дел на денешна [[Русија]], покрај брегот на [[Црно Море|Црното Море]]. Нивните чести напади на Киевска Русија го отежнал процесот на интегрирање на сите руски Словени. Многу често бил напаѓан и градот [[Киев]].
 
По [[смрт]]та на моќниот киевски кнез [[Владимир Мономах]] започнале бројни братоубиствени борби меѓу руските кнезови, а веќе од средината на [[11 век]] бројни [[Номади|номадски]] степски племиња сè почесто продирале во руските земји. Во 1097 година се одржал собор на кнезовите во Љубеч, но неслогата меѓу нив продолжила и натаму. Така, кнезот новгород-северски Игор Свјатославич (1151-1202), син на черниговскиот кнез Свјатослав Олегович и внук на Олег Свјатославич, бил од родот Олегович кои биле во непријателски односи со родот Мономахович (потомците на киевскиот кнез Владимир Мономах). Од 1180 до 1183 година, кнезот Игор се борел против Мономаховичите, а притоа бил во сојуз со ханот Кончак.<ref>„Коментари“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 47-48.</ref> Подоцна, [[Пролетпролет]]та 1185 година,новгород-северскиот кнезкнезот [[Игор Свјатославич]] (син на черниговскиот кнез Свјатослав Олегович и внук на Олег Свјатославич), заедно со брат му Всеволд, синот Владимир и внукот Свјетослав Олегович, започнал воен поход против [[Половци]]те. Откако на почетокот, руската војска ги поразила Половците, опиена од успехот, таа не го забележала прегрупирањето на непријателот и најпосле била поразена, при што кнезот Игор и двајца други кнезови биле заробени, а кнезот Всеволд загинал. Но, една година подоцна, јужните руски кнезови, предводени од киевскиот кнез Свјатослав, им нанеле тежок пораз на Половците при што бил заробен ханот Кобјак.<ref>Цвета Органџиева, „Слово за походот Игорев“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 12-14.</ref>
 
Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради борбите меѓу членовите на кралското семејство за заземање на тронот. Киевската доминација слабеела во корист на [[Владимирско-суздалско кнежество|Владимирско-суздалското кнежество]] на североисток, [[Новогордска република|Новгородската република]] на север и [[Галициско-волнско кнежество|Галициско-волнското кнежество]] во југозапад. Оваа територија, конечно била заземена од страна на [[Монголци]]те по нивната инвазија на Русија, по која била формирана т.н. „[[Златна Орда]]“.<ref name ="Hamm">Michael Franklin Hamm, ''Kiev: A Portrait, 1800–1917'', Princeton University Press, 1993, ISBN 0-691-02585-1</ref> Галициско-волнското кнежество повторно било окупирано во времето на постоењето на [[Полско-литванска унија|Полско-литванската унија]],<ref name = Curtis/> додека монголската доминација над [[Владимирско-суздалско кнежество|Владимирско-суздалското кнежество]] и независната [[Новогордска република]] го означил почетокот на современата историја на Русија.<ref name = Curtis/>