Трет Рајх: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 167:
 
[[File:Bundesarchiv Bild 146-1970-005-28, Anschluss sudetendeutscher Gebiete.jpg|thumb|left|upright|Етнички Германци во 1938 го користат нацистичкиот поздрав да ги поздрават германските војници додека влегуваат во [[Жатец]], [[Чехословачка]]]]
 
===Австрија и Чехословачка===
 
Во февруари [[1938]] година, Хитлер му нагласил на австрискиот канцелар [[Курт фон Шушниг]] за потребата на Германија да ги [[Аншлус|обезбеди своите граници]]. Шушниг закажал референдум во врска со австриската независност за 13 март, но Хитлер побарал тој да биде поништен. На [[11 март]], Хитлер испратил ултиматум кон Шушниг, барајќи да ја предаде целата моќ на австриската НСДАП или да се соочи со инвазија. Вермахтот влегол во [[Австрија]] следниот ден, за да биде поздравен со ентузијазам од страна на населението{{sfn|Evans|2005|pp=646–652}}.
 
[[Република Чехословачка]] била дом на значително малцинство на [[Германци]], кои живееле претежно во [[Судетенланд]]. Под притисок од сепаратистичките групи во Судетската германска партија, чехословачката влада понудила економски отстапки во регионот{{sfn|Evans|2005|p=667}}. Хитлер одлучил да го вклучи не само Судетенланд, туку цела [[Чехословачка]] во Рајхот{{sfn|Kershaw|2008|p=417}}. Нацистите презеле пропагандна кампања за да се обидат да дадат поддршка за инвазијата{{sfn|Kershaw|2008|p=419}}. Највисоките лидери на вооружените сили се спротивставиле на планот, бидејќи Германија сé уште не била подготвена за војна{{sfn|Evans|2005|pp=668–669}}.
 
[[File:Bundesarchiv Bild 183-1987-0922-500, Wien, Heldenplatz, Rede Adolf Hitler.jpg|thumb|upright|Хитлер го прогласува [[Аншлус]]от на [[Хелденплац]], [[Виена]], [[15 март]] [[1938]] година]]
 
Кризата довела до подготовки за војна од страна на Британците, Чехословаците и Франција (сојузник на Чехословачка). Во обид да избегне војна, британскиот премиер [[Невил Чемберлен]] организирал серија состаноци, чиј резултат бил [[Минхенски договор|Минхенскиот договор]], потпишан на [[29 септември]] [[1938]] година. Чехословачката влада била принудена да ја прифати анексијата на Судетенланд во Германија. Чемберлен бил пречекан со радост кога слетал во [[Лондон]], велејќи дека донел „''мир за нашето време''“{{sfn|Evans|2005|pp=671–674}}. Договорот траел шест месеци пред Хитлер да ја заземе останатата територија на Чешка во март 1939 година{{sfn|Evans|2005|p=683}}. Во Словачка била создадена марионетска држава{{sfn|Beevor|2012|p=24}}.
 
Австриските и чешките девизни резерви биле заземени од нацистите, како и резервите на суровини како што се метали и стоки како оружје и авиони, кои биле испратени во Германија. Индустрискиот конгломерат Раманхерке Херман Геринг (''Reichswerke Hermann Göring'') ја презел контролата врз објектите за производство на челик и јаглен во двете земји{{sfn|Mazower|2008|pp=264–265}}.
 
== Поврзано ==