Трет Рајх: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 110:
}}
 
'''Трет Рајх''' или '''националсоцијалистичка / нацистичка Германија''' — државнототермин уредувањекој насе користи за [[Историја на Германија|германската историја]] помеѓуза периодот од [[1933]] идо [[1945]] година, кога [[Германија]] била под власт на [[Националсоцијалистичка германска работничка партија|Националсоцијалистичката германска работничка партија]] (Нацистичка партија), на чело со [[Адолф Хитлер]] како [[канцелар]]. Под власта на Хитлер, Германија се претворила во [[Тоталитаризам|тоталитарна држава]] во која Нацистичката партија ги контролирала речиси сите аспекти на животот. Официјалното име на државата било Германски Рајх (''Deutsches Reich'') од [[1933]] до [[1943]] и Голем Германски Рајх (''Großdeutsches Reich'') од [[1943]] до [[1945]] година. Периодот е познат под името Трет Рајх (''Drittes Reich''), што во превод значи „Трето Царство“, како продолжение на [[Свето Римско Царство|Светото Римско Царство]] и [[Германско Царство|Германското Царство]]) и Национал-социјалистички период (''Zeit des Nationalsozialismus'' кое во превод значи „Време на националсоцијализмот“). Нацистичкиот режим завршил откако [[Сојузници од Втората светска војна|сојузничките сили]] ја поразиле Германија во мај [[1945]] година, завршувајќи ја [[Втората светска војна]] во [[Европа]].
 
Хитлер бил назначен за канцелар на Германија од страна на претседателот на [[Вајмарска Република|Вајмарската Република]], [[Паул фон Хинденбург]], на [[30 јануари]] [[1933]] година. Нацистичката партија потоа започнала да ја елиминира политичката опозиција и да ја консолидира својата моќ. Хинденбург починал на [[2 август]] [[1934]] година и Хитлер станал диктатор на Германија со спојување на овластувањата и позициите на канцеларот и претседателот. Националниот референдум одржан на [[19 август]] [[1934]] го потврдил Хитлер како единствен Фирер (водач) на Германија. Целата моќ била централизирана во Хитлеровата личност, а неговиот збор станал над сите закони. Владата не претставувала координирано, кооперативно тело, туку збир на фракции што се бореле за моќ и корист на Хитлер. Во средината на [[Големата депресија|Големата депресија]], нацистите ја вратиле економската стабилност и ја прекинале масовната невработеност, користејќи големи воени трошоци и мешана економија. Биле преземени обемни јавни работи, вклучувајќи и изградбата на автопати. Враќањето на економската стабилност ја зголемило популарноста на режимот.
Третиот рајх, користен како синоним за нацистичка Германија, доаѓа од германскиот израз „Drittes Reich“, во превод Трето Царство. Терминот прв пат е искористен во 1922 година како наслов на книга од конзервативниот писател [[Мелер ван ден Брук|ван ден Брук]]. Прифатен е од националсоцијалистичките пропаганди, која гледала на [[Свето Римско Царство|Светото Римско Царство]] како прво, на [[Германско царство|Германското царство]] (1871 - 1918) како второ и на својот режим како на трето германско царство.
 
[[Расизам|Расизмот]], особено [[Антисемитизам|антисемитизмот]], биле централна карактеристика на режимот. Нацистите сметале дека германските народи (нордиската раса) биле најчиста гранка на [[Ариевска раса|ариевската раса]] и затоа биле сметани за господава. Милиони Евреи и други народи, кои се сметале за непожелни од државата, биле убиени во [[Холокауст]]от. Опозицијата била безмилосно задушена. Членовите на либералната, социјалистичката и комунистичката опозиција биле убиевани, затворени или прогонети. Христијанските цркви биле угнетувани, а многу водачи затворени. Образованието се фокусирало на расна биологија, популациона политика и подготвеност за воена служба. Кариерата и образовните можности за жените биле ограничени. Рекреацијата и туризмот биле организирани преку програмата ''[[Сила преку радост]]'', а [[Летни олимписки игри 1936|Летните олимписки игри 1936]] го претставиле Третиот рајх на меѓународна сцена. Министерот за пропаганда, [[Јозеф Гебелс]], ефективно го искористи моментот преку масовните митинзи и хипнотичките ораторски способности на лидерите за да се влијае на јавното мислење. Владата го контролирала уметничкото изразување, промовирајќи специфични уметнички форми и забрана или обесхрабрување на другите.
Националсоцијалистичката партија се обидела да ги измеша традиционалните германски симболи со симболите на партијата со цел да се поистоветуваат. Така партијата користила термини како „Трето Царство“ и „Илјадагодишно Царство“ за да ги поврзе славната историја на Германија и славната иднина.
 
Започнувајќи од крајот на 1930-тите, Нацистичка Германија побарала повеќе агресивни територијални барања, заканувајќи се на војна ако не се исполнет. Германија ја презела [[Австрија]] и [[Чехословачка]] во [[1938]] и [[1939]] година. Хитлер направил пакт со [[Јосиф Сталин]] за ненапаѓање и ја нападнал [[Полска]] во септември [[1939]] година, започнувајќи ја [[Втората светска војна]] во [[Европа]]. Во сојуз со [[Италија]] и помалите [[Сили на Оската]], Германија го освоила најголемиот дел од Европа до [[1940]] година и се заканувала на [[Велика Британија]]. Рајхкомисаријат ја презела контролата врз освоените области и една германска администрација била основана во она што останало од Полска. Евреите и другите кои се сметале за непожелни биле затворени, убиени во нацистички концентрациони логори и логори за истребување, или убивани.
За време на своето дванаесетгодишно владеење, националсоцијалистите пратиле масивни војски низ речиси цела [[Европа]], освен [[Швајцарија]], [[Шпанија]], [[Лихтенштајн]], [[Шведска]], [[Португалија]], [[Андора]], [[Ватикан]] и подрачјата крај планината [[Урал]]. Како дел од тоа, националсоцијалистите ја подржувале идејата за Голема Германија, со интеграција на сите луѓе со чисто германско потекло. Оваа политика се манифестирала и со уништувањето на околу 11 милиони припадници на разни малцинства ([[Евреи]], [[Цигани]], [[Словени]]), политички противници ([[Комунизам|комунисти]], [[социјализам|социјалисти]], [[Либерализам|либерали]]) и социјални групи (инвалиди, [[Хомосексуалност|хомосексуалци]]), како и десетина милиони други, како директен или индеректен резултат од воените операции.
 
По [[Операција Барбароса|германската инвазија]] на [[Советскиот сојуз]] во [[1941]] година, плимата постепено се свртела против нацистите, кои претрпеле големи воени порази во [[1943]] година. Големото воздухопловно бомбардирање на Германија ескалирало во [[1944]] година и Силите на оската биле поразени во Источна и Јужна Европа. По [[Битка за Нормандија|сојузничката инвазија на Франција]], Германија била освоена од Советскиот Сојуз од исток и од другите сојузнички сили од запад и капитулирала за една година. Одбивањето на Хитлер да признае пораз довело до масовно уништување на германската инфраструктура и дополнителни смртни случаи поврзани со војната во завршните месеци на војната. Победничките сојузници иницирале политика на [[денацификација]] и одвеле многу на преживеаното нацистичко раководство на суд за воени злосторства на [[Нирнбершки процес|судењата во Нирнберг]].
 
== Поврзано ==