Погледот на Паралакс (филм од 1974): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
[[Новинар]]от Џо Фреди (го игра Бити) и неговата поранешна сопруга Ли Картер (ја игра Прентис), која исто така е новинарка, се меѓу сведоците на сенаторот Чарлс Керол (го игра Џојс). Државната комисија која го испитува случајот носи заклучок дека убиецот, кој смртно настрадал по [[атентат]]от, самостојно го извршил [[убиство]]то и дека не постои никаква завера. Три години подоцна, Ли го посетува Џо, тврдејќи дека некој сака да ја убие, но Џо не ја сфаќа сериозно, знаејќи ги нејзината [[психоза]] и претходните обиди за [[самоубиство]]. Меѓутоа, откако Ли му кажува дека четворица сведоци на убиството на сенаторот веќе се мртви, тој почнува да ѝ верува. Набргу, Ли е пронајдена мртва, со официјално објаснување дека се предозирала, и тогаш Џо решава самостојно да ја открие заверата. Најпрвин, тој оди во едно мало место за да открие нешто повеќе за [[смрт]]та на еден од сведоците на убиството на сенаторот, но тамошниот [[шериф]] се обидува да го убие. Сепак, Џо успева да се спаси, а во борбата за својот живот погинува шерифот. Притоа, кај шерифот пронаоѓа документи за фирмата „Паралакс“.
 
Потоа, Џо доаѓа во контакт со еден сведок (го игра Даниелс) на убиството и таму здогледува [[фотографија]] на убиецот на сенаторот. Тогаш, бродот на сведокот експлодира и сите мислат дека и Џо е меѓу погинатите. Истовремено, тој се пријавува на тестовите што ги спроведува „Паралакс“, претставувајќи се како нестабилна и агресивна личност, и оттаму добива потврда дека е избран за една работа. Во зградата на „Паралакс“, Џо го здогледува убиецот од фотографијата, го следи и открива дека тој подметнува [[бомба]] во [[авион]]от во кој патува еден сенатор. Сепак, џо го предупредува екипажот и авионот се враќа назад во [[аеродромо]]т, каде што експлодира веднаш откако се истовараат патниците. Набргу, шефот на весникот (го игра Кронин) каде работи Џо е убиен. Џо го следи убиецот на „Паралакс“ до местото каде се одржува пробата за политичкиот митинг на сенаторот Хамонд (го игра Дејвис). Таму, сенаторот е убиен со снајпер, а Џо е наместен како извршител на убиството. Кога тој се обидува да побегне од местото, го убива еден убиец на „Паралкс“„Паралакс“. И за тој случај е формирана посебна државна комисија, која прогласува дека Џо е убиецот на сенаторот Хамонд, дека делувал самостојно и дека нема никаква завера.<ref>[https://raspored.hrt.hr/ HRT (пристапено на 11.2.2018)]</ref>
 
== Наводи ==