Разлика помеѓу преработките на „Исцелител (филм)“

прикажување
с
(прикажување)
''Исцелител'' е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар. Најголем шарм на филмот се непретенциозноста и искреноста кои ги покриваат недостатоците и несигурноста во некои делови.<ref name="економија"/>
 
Премиерата на филмот била одржана на [[Солунски филмски фестивал|Солунскиот филмски фестивал]], каде освоил награда од публиката. Престижното списание „Вараети“ (''Variety'') објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија...“<ref name="економија"/>
== Содржина ==
Веле ([[Благој Веселинов]]), механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му Саздо ([[Анастас Тановски]]) колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.<ref name="милениум">{{цитирана веб страница|url=http://kinomilenium.mk/iscelitel/|title=Градско кино Милениум: Исцелител|language=македонски|accessdate=2018-01-29}}</ref>
Некои од останатите улоги ги толкуваат: [[Игор Ангелов]], Атанас Атанасовски, Симеон Дамевски - Мони, Катарина Илиевска, Бобан Кулески, Лазе Манасков, Јордан Симонов, Горан Стојановски, Наталија Теодосиева, Горан Трифуновски, [[Сенко Велинов]], Лиле Велјанова и други.<ref name="imdb"/>
==Продукција==
Според зборовите на режисерот Ставрески, филмот бил создаден во долг временски период: од првите напишани зборови во сценариото па до премиерата на филмот поминале дури седум години. Првите три верзии на сценариото биле напишани како семејна драма.<ref name="економија"/> Филмот е македонско - грчка копродукција.
==Прикажување==
Премиерата на филмот била одржана на [[9 ноември]] [[2017]] на [[Солунски филмски фестивал|Солунскиот филмски фестивал]] во рамките на програмата „Балкан Срвеј“ (''Balkan Survey''), <ref name="мкд 1">{{цитирана веб страница|url=https://www.mkd.mk/kultura/teatar-i-film/makedonskiot-film-iscelitel-na-rezhiserot-gjorche-stavreski-e-selektiran-na#1|title=Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е селектиран на филмскиот фестивал во Солун|language=македонски|accessdate=2018-02-10}}</ref> каде освоил награда од публиката, прв македонски филм со такво постигнување.<ref name="економија"/><ref name="мкд 2">{{цитирана веб страница|url=https://www.mkd.mk/kultura/teatar-i-film/iscelitel-na-gjorche-stavreski-ja-osvoi-filmskata-publika-vo-solun|title=„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески ја освои филмската публика во Солун|language=македонски|accessdate=2018-02-10}}</ref>
 
==Награди и признанија==
''Исцелител'' е добитник на повеќе награди и признанија. На својата премиера на [[Солун|Солунскиот]] филмски фестивал во 2017, филмот ја добил наградата од публиката, со што станал прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жири за сценарио на 17-тото издание на Медитеранскиот филмски фестивал во [[Брисел]].<ref name="imdb"/><ref name="мкд 12">{{цитирана веб страница|url=https://www.mkd.mk/kultura/teatar-i-film/iscelitel-na-gjorche-stavreski-ja-osvoi-filmskata-publika-vo-solun|title=„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески ја освои филмската публика во Солун|language=македонски|accessdate=2018-02-10}}</ref><ref name="фонд">{{цитирана веб страница|url=http://www.filmfund.gov.mk/News/The-Secret-Ingredient-award-in-Brussels-reviews-in-respected-magazines/?lang=mk|title=„Исцелител“ со награда во Брисел и рецензии во реномирани списанија|language=македонски|accessdate=2018-02-10}}</ref>
 
Бил номиниран на повеќе престижни меѓународни филмски фестивали: филмскиот фестивал Црни Ноќи во [[Талин]] (2017, во категориите дебитантски филмови и специјална награда од жирито), Медитеранскиот филмски фестивал во Брисел (2017, категорија најдобар филм), меѓународниот филмски фестивал во [[Тромсе]] (2018, категорија - најдобар филм според публиката), меѓународниот филмски фестивал [[Санта Барбара]] (2018, категорија - најдобар меѓународен филм) и меѓународниот филмски фестивал во [[Обањ]] (2018, категорија најдобар филм). <ref name="imdb"/><ref name="фонд"/>
== Наводи ==