Културна револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Овој процес ја зафатил целата земјата, влијаела и врз рураленните региони, се распространил врз работничката класа и конечно меѓу војниците од армијата кое довело до создавање на народни комитети на работниците, војници и партиски кадри, кои функционирале како органи со двојна власт во различните задачи на администрацијата и владата. Мао истите ги ставил под раководство на партијата. Оваа состојба траела до [[1976]] година, кога со помош на воен удар на чело со [[Денг Сјаопинг]], и со тешки репресии, се опоравила власта на фракцијата предводена од него, по кое следело пристапување кон апсењето на Бандата на четворицата и враќање на статус кво, преземање на промени во економијата, во форма на [[социјализам]] со пазарни карактеристики на капиталистичка пазарна економија.
 
Според вообичаеното толкување, кое обично се шири во западните медиуми, во основата на Културната револуција е борбата за власт, стремежот на Мао Це Тунг да си го поврати раководството, поддржан од амбициите на другите членови на партијата, при кое неговата сопруга [[Џијанг Кинг]] и Лин БаоБјао, како командант во армијата. Целта била одземање на политичката власт од [[Лиу Шаоки]] - шеф на државата, и [[Денг Сјаопинг]] - генерален секретар на партијата. Културната револуција завршила со IX-иот конгрес на Комунистичката партија на Кина во април [[1969]] година, кога Мао го најавил официјалниот нејзин крај. Иако во следните години ситуацијата до одреден степен била мирна, поголем значителен политички пресврт бил постигнат дури во [[1976]], по смртта на Мао, кога во внатрешните борби во Кинеската комунистичка партија победила групата околу Денг Сјаопинг и била уапсена т.н. [[Банда на четворицата]], фракција предводена од сопругата на Мао, [[Џијанг Кинг]].
 
Прашањето за тоа како борбата за власт достигнала такви високи нивоа на насилство и социјално безредие ги заинтригирало историчари и специјалисти во областа на масовната психологија, биле спроведени бројни академски истражувања, објавени во Кина и во странство во периодот на поновата историја на Кина, кои се обидуваат да ги објаснат причините за настаните од тие години. Во [[1981]] година, партијата објавила дека Културната револуција е „одговорна за најголемите загуби на партијата, земјата и народот од основањето на народната република„<ref>"Resolution on Certain Questions in the History of Our Party Since the Founding of the People's Republic of China," adopted by the Sixth Plenary Session of the Eleventh Central Committee of the Communist Party of China on June 27, 1981 ''Resolution on CPC History (1949–81).'' (Beijing: Foreign Languages Press, 1981). p. 32.</ref>.
Ред 50:
Големиот скок е економски неуспех. Необразованите фармери се обидувале да произведуваат челик во огромен размер, делумно потпирајќи се на обични печки за постигнување на производствените цели поставени од локалните кадри. Произведениот челик е со низок квалитет и во голема мера неупотреблив. Големиот скок ја намалил жетвата и довел кон пад на производството на повеќето производи освен леано железо и челик. Во исто време хаосот во колективно, лошото време и извозот на храна, потребен за да се обезбеди цврста валута, довел до Големиот кинески глад<ref name="umd">{{cite web|last=Shinn|first=Rin Supp|title=History of China|url=http://www-chaos.umd.edu/history/prc2.html|publisher=University of Maryland|accessdate=May 14, 2010}}</ref><ref name=jin1>{{cite book|last=Jin|first=Qiu|title=The Culture of Power: Lin Biao and the Cultural Revolution|year=1999|publisher=Stanford University Press|location=Stanford, California|pages=25–30}}</ref>. Храната била во очајнички недостиг, а производството драстично опаднало. Гладот предизвикал смрт на милиони луѓе, особено во посиромашните региони во внатрешноста<ref name="White">[http://users.erols.com/mwhite28/warstat1.htm#Mao Historical Atlas of the 20th century]</ref>. Се проценува дека во Кина меѓу 40 и 50 милиони луѓе починале од глад меѓу [[1959]] и [[1962]] година по оваа масовна кампања<ref>[http://www.epochtimes-bg.com/9komentara/part7.htm Великият глад]</ref><ref>Dennis Tao Yang. [http://www.palgrave-journals.com/ces/journal/v50/n1/full/ces20084a.html "China's Agricultural Crisis and Famine of 1959–1961: A Survey and Comparison to Soviet Famines."] Palgrave MacMillan, ''Comparatrive economic Studies'' (2008) 50, 1–29.</ref>. Несреќата е споредлива со [[Втората светска војна]] кога 55 милиони луѓе починале. Животниот стандард паднал и довел до демографски колапс.
 
Неуспехот на Големиот скок го намалил престижот на Мао во партијата и тој бил принуден да преземе голема одговорност, за да во [[1959]] година поднесе оставка како шеф на државата по кое бил наследен од [[Лиу Шаоки]]. Со почетокот на 1960-тите години, многу од економските политики на Големиот скок биле ревидирани со помош на иницијативи предводени од Лиу, Денг и [[Џоу Енлај]]. Оваа умерена група прагматичари воопшто не била воодушевена од идеите на Мао. Поради загубата на почит кон партијата, Мао се предал на декадентен и ексцентричен начин на живот. Тој се повлекол од донесувањето економски одлуки и концентрирал голем дел од своето време за дополнително планирање и придонеси кон марксистичко-ленинистичка социјална теорија, вклучувајќи ја и идејата за непрекината револуција. Крајната цел на оваа теорија била да се врати неговото разбирање за комунизмот и неговиот личен престиж во рамките на партијата.
 
===Советско-кинеска дезинтеграција===
Ред 95:
[[Слика:Lin Biao.jpg|мини|десно|Лин Бјао]]
 
Втората фаза на Културната револуција започнала во мај [[1969]] година и завршила во септември [[1971]] година. Деветтиот конгрес на партијата се одржил во април [[1969]] година и послужил како средство да заживее земјата со свежи идеи и нови кадри, откако голем дел од старата гарда била уништена во борбите од претходните години<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 285.</ref>. Институционалната рамка на земјата утврдена две децении порано била укинета речиси целосно: делегатите за конгресот биле избрани од револуционерни комитети, а не преку избори од партиски членови<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 288.</ref>. Воената застапеност се зголемила од претходниот конгрес<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 292.</ref>. Многу офицери поставени на лидерски позиции биле лојални на [[Лин Бјао]], нова фракциска поделба помеѓу военото и цивилното раководство<ref>MacFarquhar and Schoenhals. Chapter 17.</ref>.
 
Конгресот ја зацврстила улогата на маоизмот во рамките на партијата, повторно го прогласил [[Мао Це Тунг]] како официјален лидер на идеологијата на партијата во партискиот статут и официјално го одредил Лин Бјао како наследник на Мао. Вториот ја обновил функцијата на некои официјални институции и лица кои биле суспендирани помеѓу 1966-1968 година.
Ред 104:
 
===Трета фаза===
Третата фаза од Културната револуција продолжила од септември [[1971]] до октомври [[1976]] година, до смртта на [[Мао Це Тунг]]. Таа се карактеризира со доминација на [[Џоу Енлај]] и т.н. [[Банда на четворицата]] во економијата и политиката.
 
====Антагонизам====
 
Со смртта на [[Лин Бјао]] и влошување здравјето на Мао, станало јасно дека треба да се бара нов лидер. Позицијата на [[Џијанг Кинг]] била во пораст, и имала огромно влијание во радикалниот камп. Таа направила сојуз со [[Ван Хунвен]] и пропагандистките специјалисти [[Чан Чунцао]] и [[Јао Венуан]] и формирала политичко крило, подоцна наречено Бандата на четворицата.
 
До [[1973]] година, фракционалните борби продолжиле во фабриките, железниците и локалната власт. Економијата на земјата била во хаос. Покрај тоа, јадрото на партијата станало доминирано од приврзаници на Културната револуција и левичарски радикали, чиј фокус останал во одржувањето на идеолошката чистота. Економијата била предадена на Џоу Енлај, еден од ретките преживеани. Групата од четирите била незадоволна од влијанието на Џоу.
 
Со кревката економија и болеста од рак на Џоу, [[Денг Сјаопинг]] ја продолжил својата политичка кариера како заменик-премиер во април [[1973]] година, во првата од серијата промоции, одобрени од Мао. Тој започнал да претседава со партиските состаноци додека Џоу Енлај бил во болница за лекување. Во меѓувреме, Мао издал серија прекори против Четирите банди, критикувајќи ја нивната неспособност да управува со економијата.
 
На крајот на [[1973]] година за да ја ослабне политичка позиција на Џоу и да се дистанцира од очигледното предавство на Лин, Џијанг Кинг започнала кампања<ref>MacFarquhar and Schoenhals, p. 366.</ref>„''Критикувај го Лин, Критикувај го Конфучиј''“. Политичката битка била направена преку историски алегории, и иако името на Џоу Енлај никогаш не се споменало во текот на оваа кампања, другите паднале под нејзината цел. Јавноста била уморна од долгогодишните политички кампањи кои немаат практична вредност и не се ентузијасти. Кампањата не успеала да ги постигне своите цели.
 
Во тоа време, Џијанг Кинг и нејзините следбеници имале контрола над средствата за јавно информирање и пропаганда, додека Џоу и Денг имале контрола над повеќето државни органи. Денг остро се противил на споровите, а неговите политики биле насочени кон промовирање на единството како прв чекор кон враќање на економските перформанси. Мао, сепак, не бил задоволен со оваа политика, и го навел Дан да пишува самокритика во ноември [[1975]] година.
 
== Наводи ==