Интернет-банкарство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
Ред 8:
 
==Развој==
Почетокот на интернет-банкарството датира во 1995 година, кога американската банка „Велс„[[Велс Фарго“Фарго]]“ (''Wells Fargo'') ја изработила првата програма за банкарско работење преку [[интернет]].<ref>[http://blog.wellsfargo.com/guidedbyhistory/2010/05/15_years_online.html blog.wellsfargo.com (пристапено на 15.4.2016)]</ref> Истата година била основана и првата специјализирана интернет-банка во светот „Security First Network Bank“, со седиште во Аталанта[[Атланта]], [[САД]], а подоцна биле основани и други интернет-банки, како: „Compubank“, „Wingspanbank“ и други.
 
Денес, секоја банка поседува своја интернет-страница преку која, ако ништо друго, тогаш барем нуди информации за себе и за активностите што ги извршува. Всушност, примената на интернетот во банкарството е толку раширена што интернет-банкарството се поистоветува со [[електронско банкарство|електронското банкарство]], иако тоа е само дел од него. Овие банки нудат сеопфатни финансиски услуги ([[платен промет]], [[депозити|депозитни]] услуги, потрошувачки и [[станбен кредит|станбени кредити]] итн.) и, во тој поглед, тие им конкурираат на традиционалните банки. Сепак, треба да се забележи дека предвидувањата дека интернетот ќе доведе до изумирање на банките не се остварија, зашто бројот на интернет-банките сè уште е многу мал и тие имаат незначителна улога во [[финансиско посредување|финансиското посредување]].
 
Интернет-банкарството во [[Македонија]] полека зема замав, иако сè уште не е многу распространето. На пример, во декември [[2010]] година, од вкупно 3,4 милиони сметки, колку што биле отворени, само 220 .000, т.е. 6,5% биле достапни преку компјутер, а од нив само 38 400 сметки им овозможувале на корисниците увид во состојбата и плаќање преку [[компјутер]]. Исто така, од вкупниот број поднесени налози за плаќање, само 24% биле преку компјутер, додека 76% биле книжни налози. Според тоа, плаќањата најчесто се вршат преку пополнување и доставување книжни налози, со лично одење во банката и тоа ја отсликува ниската примена на интернет-банкарството, дури и во областа на платниот промет.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 342-343.</ref>
 
Притоа, може да се наведат повеќе причини за бавниот развој на интернет-банкарството:<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките - второ издание'', Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 343.</ref>