Културна револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 77:
 
На [[1 јуни]] [[1966]] година, по радиото бил прочитан слоганот, составен од Не Јуанѕ, професор по филозофија на Универзитетот Пекинг: „''Апсолутно, радикално, целосно елиминирање на доминацијата и злонамерниот заговор на ревизионистите! Отстранување на чудовиштата - ревизионисти од крилото на Хрушчов''!“. Милиони ученици и студенти, организирани во тимови започнале да бараат чудовишта и демони меѓу наставниот кадар, универзитетското раководство, а потоа и во локалните и општинските власти, кои се обидувале да ги заштитат професорите. Истите биле прогласени за непријатели и биле понижувани. Распуштањето на [[26 јули]] [[1966]] година на ученици од сите училишта и универзитети за шест месеци го олеснил овој процес и привлекол дополнително 50 милиони ученици во Црвената гарда на учениците.
 
Во август [[1967]] година весниците во Пекинг пишувале: „''Антимаоистите, тоа се пуштени на слобода по улиците стаорци ... убивајте ги, убивајте ги!“'' Изјавата на Лин Бао објавено во весникот на [[хунвејбини]]те во [[1967]] година практично ги оправдило овие убијства. Министерството за транспорт во есента 1966 година им дало на Црвените водичи бесплатни екскурзиски патувања низ целата земја за да разменат искуства. Културните и научните активности биле скоро целосно парализирани и запрени. Сите книжарници имале забрана за продажба на книги освен една: „Цитатите на Мао“. Тие биле издавани во многу варијанти: една од нив била книга со корица направена од цврста пластика која не остава траги од крв. Со нив, многумина истакнати лидери на партијата биле тепани до смрт кога „нивниот аристократски отров“ излегувал од нивните усти<ref>MacFarquhar, Roderick and Schoenhals, Michael. Mao's Last Revolution. Harvard University Press, 2006. p. 125</ref>.
 
[[Слика:Trip to Ningxia and Gansu.jpg|мини|Лицата на статуите од [[Буда]] во манастирите биле уништени]]
 
[[Хунвејбини]]те ги изгориле декорите и костимите на оперските изведби во Пекинг, бидејќи требало да бидат претставени само напишаните од сопругата на Мао револуционерни опери од современиот начин на живот. Десет години, тие биле единствениот жанр на изведувачки уметности овластени со официјална цензура. [[Хунвејбини]]те ги рушеле или опожарувале црквите и манастирите и уништиле делови од [[Кинески Ѕид|Кинескиот ѕид]], а од разрушениот материјал биле градени свињарници.
 
== Наводи ==