Културна револуција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Овој процес ја зафатил целата земјата, влијаела и врз рураленните региони, се распространил врз работничката класа и конечно меѓу војниците од армијата кое довело до создавање на народни комитети на работниците, војници и партиски кадри, кои функционирале како органи со двојна власт во различните задачи на администрацијата и владата. Мао истите ги ставил под раководство на партијата. Оваа состојба траела до [[1976]] година, кога со помош на воен удар на чело со [[Денг Сјаопинг]], и со тешки репресии, се опоравила власта на фракцијата предводена од него, по кое следело пристапување кон апсењето на Бандата на четворицата и враќање на статус кво, преземање на промени во економијата, во форма на [[социјализам]] со пазарни карактеристики на капиталистичка пазарна економија.
 
Според вообичаеното толкување, кое обично се шири во западните медиуми, во основата на Културната револуција е борбата за власт, стремежот на Мао Це Тунг да си го поврати раководството, поддржан од амбициите на другите членови на партијата, при кое неговата сопруга [[Џијанг Кинг]] и Лин Бао, како командант во армијата. Целта била одземање на политичката власт од [[Лиу ШаочиШаоки]] - шеф на државата, и [[Денг Сјаопинг]] - генерален секретар на партијата. Културната револуција завршила со IX-иот конгрес на Комунистичката партија на Кина во април [[1969]] година, кога Мао го најавил официјалниот нејзин крај. Иако во следните години ситуацијата до одреден степен била мирна, поголем значителен политички пресврт бил постигнат дури во [[1976]], по смртта на Мао, кога во внатрешните борби во Кинеската комунистичка партија победила групата околу Денг Сјаопинг и била уапсена т.н. Банда на четворицата, фракција предводена од сопругата на Мао.
 
Прашањето за тоа како борбата за власт достигнала такви високи нивоа на насилство и социјално безредие ги заинтригирало историчари и специјалисти во областа на масовната психологија, биле спроведени бројни академски истражувања, објавени во Кина и во странство во периодот на поновата историја на Кина, кои се обидуваат да ги објаснат причините за настаните од тие години. Во [[1981]] година, партијата објавила дека Културната револуција е „одговорна за најголемите загуби на партијата, земјата и народот од основањето на народната република„<ref>"Resolution on Certain Questions in the History of Our Party Since the Founding of the People's Republic of China," adopted by the Sixth Plenary Session of the Eleventh Central Committee of the Communist Party of China on June 27, 1981 ''Resolution on CPC History (1949–81).'' (Beijing: Foreign Languages Press, 1981). p. 32.</ref>.
 
== Позадина==
 
Културната револуција претставува радикализација на Кинеската револуција, предводена од [[Бандата на четворица|Бандата на четворицата]]. Таа користела масовна мобилизација на студенти за да го победи десното про-капиталистичко крило предводено од [[Лиу Шаоки]], [[Денг Сјаопинг]] и Пенг Џен. Студентите биле групи од млади луѓе, во многу случаи едвај тинејџери, кои во организирани револуционерни комитети, ги напаѓале сите оние кои се обвинети за предавство кон режимот и политичката фигура на [[Мао Це Тунг]]. Културната револуција овозможила на последниот да ја поврати политичката власт, од која бил отстранет по неуспехот во т.н. [[Голем скок напред]].
 
Мао ги поттикнал таканаречените револуционерни комисии составени од Црвената гарда за да ја преземат власта од државата и партиската администрација. Многу обични граѓани биле нападнати како контрареволуционери. Научниците исто така биле подложени на вознемирување од страна на оваа група и често испраќани на преквалификација преку земјоделска работа. Образованието и јавниот сообраќај во овој период речиси исчезнал. Многу културни артефакти, историски локалитети и антиквитети биле уништени. Во натамошниот национален хаос, многумина биле убиени, а милиони биле раселени или испратени во затвор.
 
И покрај катастрофалните резултати од Културната револуција во економски, културен и хуман план, како и општото критично мислење кон кампањата во Кина и во светот, некои критичари и поддржувачи на управувањето на Мао го анализираат периодот како суштински чекор кон прочистување на кинеската култура и формирање на комунистичко општество.
 
== Наводи ==