Разлика помеѓу преработките на „Абасидски Калифат“

 
Три шпекулативни мислители, ал-Кинди, ал-Фараби и Авицена, го комбинираат Аристотелизмот и Неоплатонизмот со други идеи воведени од исламот. Други влијателни муслимански филозофи во калифатот се Ал Џања и Ибн Ал-Хејтам .
 
===Технологија===
 
Во областа на технологијата, муслиманскиот свет го вовел производството на хартија од [[Кина]]<ref>Adam Robert Lucas (2005), „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“, Technology and Culture 46 (1), p. 1 – 30 [10].</ref>. Познавањето на [[барут]]от исто било увезено од Кина преку исламските земји, каде за прв пат биле развиени формулите за чист [[калиум нитрат]] и експлозивните ефекти на барутот.<ref>[[Ahmad Y Hassan]], [http://www.history-science-technology.com/Articles/articles%202.htm Potassium Nitrate in Arabic and Latin Sources], ''History of Science and Technology in Islam''.</ref><ref name=Gunpowder>[[Ahmad Y Hassan]], [http://www.history-science-technology.com/Articles/articles%203.htm Gunpowder Composition for Rockets and Cannon in Arabic Military Treatises In Thirteenth and Fourteenth Centuries], ''History of Science and Technology in Islam''.</ref>.
 
Бројни подобрувања биле направени за наводнување во земјоделство преку употреба на нови технологии, како што е [[ветерница]]та. Културите како [[бадем]]и и [[цитрус]]и се прошириле во Европа преку [[ел-Андалус]], а Европејците постепено го прифатиле одгледувањето на шеќер. Арапските трговци доминирале во трговијата во [[Индискиот Океан]] до доаѓањето на [[Португалци]]те во [[16 век]]. Важен центар на оваа трговија била државата [[Ормуз]]. Во тоа време постоела и широка мрежа на трговски патишта во [[Средоземно Море]], на кои муслиманските земји тргувале меѓу себе и со европски држави како [[Венеција]], [[Џенова]] и [[Каталонија]].
 
Муслиманските инженери и научници во исламскиот свет донеле голем број на иновативни индустриски технологии на водената енергија,
и го означиле почетокот на употребата на енергијата на ветерот и нафтатс. Индустриската употреба на мелницата датира од [[7 век]]. За време на Крстоносните војни, секоја провинција во муслиманскиот свет имала функционални мелници, од ел-Андалус и Северна Африка до Средниот Исток и Централна Азија. Овие мелници имале широк спектар на земјоделски и производствени капацитети<ref>Adam Robert Lucas (2005), „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“, ''Technology and Culture'' '''46''' (1), p. 1 – 30 [10].</ref>. Муслиманските инженери исто така развивиле машини (на пример пумпи), и користиле брани за да обезбедат дополнително напојување на воденица<ref>[[Ahmad Y Hassan]], [http://www.history-science-technology.com/Articles/articles%2071.htm Transfer Of Islamic Technology To The West, Part II: Transmission Of Islamic Engineering]</ref>.
 
== Наводи ==