Разлика помеѓу преработките на „Абасидски Калифат“

 
Муслиманските алхемичари имале големо влијание врз средновековната европска алхемија, особено благодарение на Џабир ибн Хајан. Голем број хемиски процеси (како [[дестилацијата]]) биле развиени во муслиманскиот свет и потоа распространети и во [[Европа]].
 
===Литература===
[[File:Ali-Baba.jpg|thumb|„Али Баба“ ]]
Најпознатото дело на исламската литература е „[[Илјада и една ноќ]]“. Оригиналниот концепт доаѓа од исламското иранско (персиско) потекло со употреба на индиски елементи. Колекцијата на приказни, исто така, вклучува приказни од народите на Блискиот Исток и Северна Африка. Епот бил започнат во 10 век и се стекнал со конечната форма во [[14 век]], а бројот и видот на бајките се менувал во текот на годините во различни ракописи.<ref>John Grant and John Clute, ''The Encyclopedia of Fantasy'', „Arabian fantasy“, p 51 ISBN 0-312-19869-8</ref>. Тој има големо влијание на Запад, бидејќи за првпат бил преведен во 18 век од [[Антоан Галан]]<ref>L. Sprague de Camp, ''[[Literary Swordsmen and Sorcerers]]: The Makers of Heroic Fantasy'', p. 10 ISBN 0-87054-076-9</ref>. Со текот на годините, многу слични книги биле напишани, особено во Франција<ref>John Grant and John Clute, ''The Encyclopedia of Fantasy'', „Arabian fantasy“, p 52 ISBN 0-312-19869-8</ref>. Разни херои на ова дело се претвораат во икони во западната култура - како [[Аладин]], [[Синдбад]] и [[Али Баба]].
 
За време на Абасидите, арапската поезија го достигнува својот Златен век, особено пред падот на централната власт и подемот на персиските династии. Писатели како [[Абу Тамам]] и [[Абу Нувас]] се тесно поврзани со калифатскиот двор во Багдад од почетокот на 9 век, а други како Ал-Мутанаби добиле покровителство од локалните големци.
 
===Филозофија===
 
Една од главните дефиниции за исламска филозофија е „''филозофскиот стил произведен во рамките на исламската култура''“. Исламската филозофија, според оваа дефиниција, не мора да се занимава со религиозни прашања, ниту пак била создадена од муслимани. Нивните дела на [[Аристотел]] се клучен чекор во пренесувањето на познавањето на Атичките Грци во исламскиот свет. Тие исто така пишуваат влијателни филозофски дела, и нивното размислување било вклучено во христијанската филозофија на средниот век, особено во [[Тома Аквински]].
 
Три шпекулативни мислители, ал-Кинди, ал-Фараби и Авицена, го комбинираат Аристотелизмот и Неоплатонизмот со други идеи воведени од исламот. Други влијателни муслимански филозофи во калифатот се Ал Џања и Ибн Ал-Хејтам .
 
== Наводи ==