Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 151:
 
===Наука===
[[File:Mustansiriya University CPT.jpg|thumb|upright|[[Мустансириска школа]]]]
[[File:Alhazen, the Persian.gif|thumb|upright|[[Алхазен]]]]
[[File:Jabir ibn Hayyan.jpg|thumb|лево|[[Џабир ибн Хајан]]]]
 
Управувањето на [[Харун ал-Рашид]] (786 - 809) и неговите наследници го пренассочиле времето кон големите интелектуални достигнувања. Во голема мера тоа било резултат од [[шизма]]тичните сили кои ја поткопувале власта на Омејадите, која се засновала на тврдењето за супериорноста на арапската култура како дел од своите претензии за легитимитет, додека абасидската култура ги подржувале и неарапските муслимани. Докажано е дека абасидските калифи основале администрацијата како онаа на [[Сасаниди]]те<ref>[[Hamilton Gibb]]. ''Studies on the civilization of Islam''. Princeton University Press. 1982. ISBN 0-691-05354-5 p.66</ref>.
 
Голем број средновековни мислители и научници кои живееле во текот на исламското управување, одиграле значајна улога при предавањето на исламската наука на христијанскиот Запад. На пример, тие придонеле за запознавање на христијанска [[Европа]] со учењето на [[Аристотел]]. Покрај тоа, во овој период повторното било преоткриено голем дел од делата на александриските математички, геометриски и астрономски знаења, како оние на [[Евклид]] и [[Клавдиј Птоломеј]]. Овие откриени математички знаења, подоцна биле развиени од други исламски научници, особено во делата на персиските научници Ал-Бируни и [[Абу Наср Мансур]].