Разлика помеѓу преработките на „Абасидски Калифат“

 
Исламскиот Златен век започнал во средината на [[8 век]] со создавањето на Абасидскиот Калифат и преместувањето на престолнината од [[Дамаск]] во [[Багдад]]<ref name="Vartan">{{harvnb|Gregorian|2003}}</ref>. Абасидите биле под влијание од заповедите на [[Куран]]от, подвлекувајќи ја вредноста на знаењето. Во овој период исламскиот свет станал интелектуален центар за науката, филозофијата, медицината и образованието, а Абасидите ја штитале каузата на знаењето во [[Багдад]], каде и муслимански и не-муслимански научници преведувале и ја собирале сета информација позната на светот на [[арапски јазик]]<ref name = "Vartan" />. Многу класични дела на Антиката, кои инаку би биле изгубени, биле преведени на арапски и персиски и последователно на турски, хебрејски и латински<ref name = "Vartan" />. Во овој период муслиманскиот свет бил како збир на култури кои ги собира, синтетизира и значително го напредува знаењето добиено од римската, кинеската, индиската, персиската, египетската, северноафриканска, грчката и византиската цивилизација.
 
===Наука===
 
Управувањето на Харун ал-Рашид (786 - 809) и неговите наследници го пренассочиле времето кон големите интелектуални достигнувања. Во голема мера тоа било резултат од [[шизма]]тичните сили кои ја поткопувале власта на Омејадите, која се засновала на тврдењето за супериорноста на арапската култура како дел од своите претензии за легитимитет, додека абасидската култура ги подржувале и неарапските муслимани. Докажано е дека абасидските калифи основале администрацијата како онаа на [[Сасаниди]]те<ref>[[Hamilton Gibb]]. ''Studies on the civilization of Islam''. Princeton University Press. 1982. ISBN 0-691-05354-5 p.66</ref>.
 
Голем број средновековни мислители и научници кои живееле во текот на исламското управување, одиграле значајна улога при предавањето на исламската наука на христијанскиот Запад. На пример, тие придонеле за запознавање на христијанска [[Европа]] со учењето на [[Аристотел]]. Покрај тоа, во овој период повторното било преоткриено голем дел од делата на александриските математички, геометриски и астрономски знаења, како оние на [[Евклид]] и [[Клавдиј Птоломеј]]. Овие откриени математички знаења, подоцна биле развиени од други исламски научници, особено во делата на персиските научници Ал-Бируни и [[Абу Наср Мансур]].
 
Во тоа време, персискиот научник [[Ел-Хорезми]] значително ја развил [[алгебра]]та, од кој потекнува и самиот термин алгебра. Поради тоа, тој е сметан од некои за татко на алгебрата<ref>Ron Eglash(1999), p.61</ref>, иако тој прекар е припишан и на грчкиот математичар [[Диофант]]. Термините [[алгоризам]] и [[алгоритам]] исто потекнуваат од името на Ел-Хорезми кој има и значајна улога во промовирањето на арапските бројки и индиско-арапскиот дигитален систем надвор од границите на индискиот потконтинент.
 
Ибн ал-Хајтам ([[Алхазен]]) ја развил основата на научниот метод во својата ''Книга за оптиката'' (1021 година). Особено важно е доказот за теоријата за навлегување на светлината. За развојот на научните методи, Алхазен е опишуван како „првиот научник“<ref>Bradley Steffens (2006), ''Ibn al-Haytham: First Scientist'', Morgan Reynolds Publishing, ISBN 1-59935-024-6.</ref>.
 
Медицината во средновековниот [[ислам]] била област од науката, која напредувала особено многу за време на владеењето на Абасидите. Во [[9 век]], во Багдад имало над 800 лекари и се вршиле големи откритија во природата на анатомијата и болестите. Во тоа време била направена јасна дистинкција меѓу ситни и големи сипаници. Познатиот персиски научник Ибн Сина (познат на запад како [[Авицена]]), дал значаен придонес на [[медицина]]та, [[хемија]]та, [[астрономија]]та, [[математика]]та, [[психологија]]та и [[геологија]]та. Неговото главно дело „''[[Медицински канон]]''“ <ref name="Britannica">{{cite encyclopedia |last=Nasr |first=Seyyed Hossein |authorlink=Seyyed Hossein Nasr |title=Avicenna |year=2007| encyclopedia=Encyclopædia Britannica Online |accessdate=2007-11-05 |location= |publisher= |url=http://www.britannica.com/eb/article-9011433/Avicenna |archiveurl=http://web.archive.org/web/20071031092920/http://www.britannica.com/eb/article-9011433/Avicenna |archivedate=31 October 2007 <!--DASHBot-->|deadurl=no}}</ref><ref>Edwin Clarke, Charles Donald O'Malley (1996), [http://books.google.com/books?id=Q_rO4ZFpUcgC&pg=PA20&dq&hl=en#v=onepage&q&f=false ''The human brain and spinal cord: a historical study illustrated by writings from antiquity to the twentieth century''], Norman Publishing, p.&nbsp;20 (ISBN 0-930405-25-0).</ref><ref>Iris Bruijn (2009), [http://books.google.com/books?id=2UT89SgQHGgC&pg=PA26&dq&hl=en#v=onepage&q&f=false ''Ship's Surgeons of the Dutch East India Company: Commerce and the progress of medicine in the eighteenth century''], [[Amsterdam University Press]], p.&nbsp;26 (ISBN 90-8728-051-3).</ref> станало стандарден учебник на европските универзитети. <ref>{{cite web |url=http://hcs.osu.edu/hort/history/023.html |title=Avicenna 980-1037 |publisher=Hcs.osu.edu |accessdate=2010-01-19}}</ref> Бил првиот што вовел некои постапки, вклучувајќи го [[карантин]]от како начин за контролирање на ширењето на [[болест]]а, клинички испитувања и експериментална употреба на лековите.
 
Астрономијата во средновековниот ислам била развиена од Ал-Батани, кој ја подобрил точноста на мерењето на прецесијата на земјината оска. Корекциите биле направени во геоцентричниот модел од Насир ал-Дин ал-Туси, Муајад ал-Урди и Ибн ал-Шатир, подоцна биле вклучени и во [[Никола Коперник|Коперниковиот]] модел<ref>[http://plato.stanford.edu/entries/copernicus/ Stanford Encyclopedia of Science: „Copernicus“] by Sheila Rabin</ref>.
 
Муслиманските алхемичари имале големо влијание врз средновековната европска алхемија, особено благодарение на Џабир ибн Хајан. Голем број хемиски процеси (како [[дестилацијата]]) биле развиени во муслиманскиот свет и потоа распространети и во [[Европа]].
 
== Наводи ==