Разлика помеѓу преработките на „Абасидски Калифат“

нема опис на уредувањето
 
На крајот, Мамелуците дошле на власт во Египет. Во [[1261]] година, по уништувањето на Багдад од страна на монголите, владетелите на Мамелуците во Египет повторно го воспоставиле Абасидскиот калифат во Каиро. Првиот калиф во Каиро бил Ал-Мустансир. Калифите во Египет продолжиле да го задржуваат присуството на авторитет, но тоа било ограничено на религиозни прашања. Абасискиот калифат во Каиро траел до времето на [[Ал-Мутавакил III]], кој бил одведен како затвореник од [[Селим I]] во [[Константинопол]], каде што имал церемонијална улога. Починал во [[1543]] година, по неговото враќање во [[Каиро]].
 
== Култура ==
===Златен век===
[[File:ManuscriptAbbasid.jpg|thumb|250px|Ракопис од Абасидската ера]]
 
Исламскиот Златен век започнал во средината на [[8 век]] со создавањето на Абасидскиот Калифат и преместувањето на престолнината од [[Дамаск]] во [[Багдад]]<ref name="Vartan">{{harvnb|Gregorian|2003}}</ref>. Абасидите биле под влијание од заповедите на [[Куран]]от, подвлекувајќи ја вредноста на знаењето. Во овој период исламскиот свет станал интелектуален центар за науката, филозофијата, медицината и образованието, а Абасидите ја штитале каузата на знаењето во [[Багдад]], каде и муслимански и не-муслимански научници преведувале и ја собирале сета информација позната на светот на [[арапски јазик]]<ref name = "Vartan" />. Многу класични дела на Антиката, кои инаку би биле изгубени, биле преведени на арапски и персиски и последователно на турски, хебрејски и латински<ref name = "Vartan" />. Во овој период муслиманскиот свет бил како збир на култури кои ги собира, синтетизира и значително го напредува знаењето добиено од римската, кинеската, индиската, персиската, египетската, северноафриканска, грчката и византиската цивилизација.
 
== Наводи ==