Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 137:
 
Во [[1206]] година, [[Џингис Кан]] воспоставил моќна династија меѓу Монголите од [[Централна Азија]]. Во текот на [[13 век]], оваа монголска империја го освоила поголемиот дел од евразиската копнена маса, вклучувајќи ја и [[Кина]] на исток и голем дел од стариот исламски калифат (како и [[Киевска Рус]]) на запад. Уништувањето на [[Халагу Кан]] на Багдад во [[1258]] година традиционално се смета за приближен крај на Златното доба на калифатот.<ref>{{harvnb|Cooper|Yue|2008|p=215}}</ref>. Монголите стравувале дека натприродна катастрофа ќе ги нападне доколку се истури крвта на [[Ал Мустази]], директен потомок на вујкото на Мухамед, [[Ал-Абас ибн Абд ал-Муталиб]]<ref name=encyclopedia>{{harvnb|Glassé|Smith|2002}}</ref>. Шиитите од Персија изјавиле дека таква несреќа не се случила по смртта на Хусејн ибн Али. Сепак, Ал Мустази бил сошиен во вреќа и фрлен под коњите на [[20 февруари]] [[1258]] година. Исто така било убиено и најблиското семејство на калифот, освен неговиот најмлад син, кој бил испратен во [[Монголија]], и ќерка која станала роб во харемот на Халагу<ref>{{harvnb|Frazier|2005}}</ref>.
 
===Калифатот во Каиро===
 
Во [[9 век]], Абасидите создале војска лојална само на нивниот калифат, составен од луѓе кои не се со арапско потекло, познати како [[Мамелуци]].<ref name="István Vásáry 2005">{{harvnb|Vásáry|2005}}</ref><ref name="Isichei 1997 192">{{harvnb|Isichei|1997|p=192}}</ref><ref name="T. Pavlidis 2011">{{harvnb|Pavlidis|2010}}</ref><ref>{{harvnb|Mikaberidze|2004}}</ref><ref name="bbs">{{harvnb|Visser|2005|p=19}}</ref>. Оваа сила, создадена во времето на Ал-Мамун (813-33) и неговиот брат и наследник Ал Мутасим (833-42), спречиле понатамошно распаѓање на империјата. Армијата на Мамелуците, иако често пати гледано негативно, помогнале и му наштетиле на калифатот. На почетокот, Мамелуците и овозможиле на владата стабилна сила за решавање на домашни и странски проблеми. Сепак, создавањето на оваа странска армија и трансферот на главниот град од Багдад во Самара создало поделба меѓу калифат и народите за кои тврделе дека владеат. Покрај тоа, моќта на Мамелуците постојано растела се додека Ал-Ради (934-41) бил принуден да ги предаде повеќето од кралските функции на Мухамед ибн Раик<ref name="EB1911"/>.
 
На крајот, Мамелуците дошле на власт во Египет. Во [[1261]] година, по уништувањето на Багдад од страна на монголите, владетелите на Мамелуците во Египет повторно го воспоставиле Абасидскиот калифат во Каиро. Првиот калиф во Каиро бил Ал-Мустансир. Калифите во Египет продолжиле да го задржуваат присуството на авторитет, но тоа било ограничено на религиозни прашања. Абасискиот калифат во Каиро траел до времето на [[Ал-Мутавакил III]], кој бил одведен како затвореник од [[Селим I]] во [[Константинопол]], каде што имал церемонијална улога. Починал во [[1543]] година, по неговото враќање во [[Каиро]].
 
== Наводи ==