Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 100:
 
Ал-Мутасим дошол на власт во [[833]] година и неговото владеење го означил крајот на силните калифи. Тој ја зацврстил својата лична армија со турски наемници и веднаш ја започнал војната со Византијците. Неговите воени походи биле главно успешни, кулминирајќи со убедлива победа во Аморион. Неговиот обид за заземање на [[Константинопол]] не успеал кога неговата флота била уништена од невреме<ref>{{harvnb|Dupuy|dupuy|1986|pp=265–266}}</ref>. Византијците ги рестартирале борбите со зазимање на Дамиета во Египет. Ал Мутаваки одговорил со испраќање на своите војници во Анадолија повторно, додека тие на крајот беа поразени во 863 година<ref name=DD3>{{harvnb|Dupuy|dupuy|1986|p=266}}</ref>.
 
===861–945===
[[File:TajikistanP19-100Somoni-1999(2000)-donatedeh f.jpg|thumb|250px| [[Емир]]от на [[Голем Хорасан| Хорасан]] [[Исмаил ибн Ахмад]] на [[Таџикистански сомони]].]]
 
Во [[820]] година, [[Саманиди]]те започнале да имат независна власт во [[Трансоксијана]] и Голем Хорасан. [[Сафариди]]те од Хорасан, речиси го зазеле Багдад во [[876]] година, а [[Тулуниди]]те ја презеле контролата над поголемиот дел од [[Сирија]]. Продолжил трендот на слабеење на централната моќ и зајакнувањето на малите калифати на периферијата<ref name=mag/>.
 
Исклучок бил десетгодишниот период на владеењето на [[Ал-Мутадид]]. Тој вратил делови од Египет, Сирија и Хорасан под контрола на Абасидите. Особено по „[[Анархија во Самара|Анархијата во Самара]]“, централната власт на Абасидите била ослабена, а периферните центри станале многу позначајни во калифатот. До почетокот на [[10 век]], Абасидите речиси ја изгубиле контролата над [[Ирак]] од разни емири, а калифот Ал-Рад бил принуден да ја признае нивната моќ со тоа што ја создал позицијата „кнез на кнезовите“(''[[amir al-umara]]'').<ref name=mag/>.
 
[[Ал-Мустакфи]] имал кратко владеење од 944-946 година, и во овој период, персиската фракција, позната како [[Бујиди]] од [[Дајмал]], дошла на власт и ја презела контролата врз бирократијата во Багдад. Според историјата на [[Ибн Мискавајх]], тие започнале да ги доделуваат [[икта|иктите]] ([[феуд]] во форма на даночни фарми) на нивните поддржувачи. Овој период на локализирана секуларна контрола траел речиси 100 години{{sfn|Hoiberg|2010|p=10}}. Губењето на моќта на Абасидите во времето на Бујуидите се променила, на сличен начин како што моќта на [[Селџуци]]те пораснала во Персија<ref name=mag/>.
 
На крајот на осмиот век, Абасидите веќе утврдиле дека повеќе не можат да ја задржат власта во целокупното царство. Во [[793]] година, шиитската династија [[Идрисиди]] основала држава во Фез во [[Мароко]], додека семејството на гувернерите под Абасидите станале независни додека не го основале [[Аглабиди|Аглабидскиот емират]] од 830-тите години. Ал-Мутасим го започнал слабеењето со употреба на немуслимански платеници во неговата лична армија. Исто така во текот на овој период офицерите започнале да извршуваат атентати над претпоставените со кои тие не се согласувале, особено калифите{{sfn|Hoiberg|2010|p=10}}.
 
До 870-тите [[Египет]] станал автономен под Ахмад ибн Тулун. На исток, гувернерите ги намалиле своите врски со центарот. [[Сафариди]]те од Херат и [[Саманиди]]те од Бухара зачувале многу повеќе од персиската култура. Во тоа време само централните земји на [[Месопотамија]] биле под директна контрола на Абасидите, со [[Палестина]] и Хиџас често управувани од [[Тулуниди]]те. [[Византија]], од своја страна, започнала да ги протерува арапските муслимани подалеку од исток во [[Анадолија]].
 
До 920-тите, ситуацијата се променила понатаму, бидејќи [[Северна Африка]] била изгубена од Абасидите. Шиитската секта која само ги препознава првите пет имами и ги трасира своите корени од ќерката на [[Мухамед]], [[Фатима]], ја презела контролата над Аглабидите<ref name=mag/>. Нарекувани како династија [[Фатимиди]], тие напредувале во Египет во [[969]] година, формирајќи го нивниот главен град во близина на [[Фустат]] во [[Каиро]], кој тие го изградиле како бастион на шиитско учење и политика. Со започнувањето на 1000-те годии, тие станале главен политички и идеолошки потикнувач за сунитскиот ислам кај Абасидите. Во тоа време последната држава се распаднала во неколку гувернерии, кои, иако го признавале калифатскиот авторитет од [[Багдад]], правиле главно како што сакале, нно и меѓусебно војувале. Самиот калиф бил под заштита на Бујудските емири кои го поседувале целиот Ирак и западниот Иран и биле симпатизери на шиизмот.
 
Надвор од [[Ирак]], сите автономни покраини полека ја земале карактеристиката на [[де факто]] држави со наследни владетели, армии и приходи и работеле. [[Махмуд Газневи]] ја добил титулата султан, наспроти емир која била во почеста употреба, што ја означила независноста на [[Газневидско Царство|Газневидското Царство]] од калифатот. Во [[11 век]], продолжило губењето на моќта на калифите, бидејќи некои исламски владетели повеќе не го споменувале името на калифот во петочната молитва или го исфрлиле од нивните кованици<ref name="Brauer" />.
 
Династијата Фатимиди од Каиро ги оспорила Абасидите дури и за титуларниот авторитет на исламската ''ума''. Тие дале одредена поддршка во шиитските делови на Багдад (како што е Карк), иако [[Багдад]] бил градот кој е најтесно поврзан со калифатот, дури и во периодите на Бујдите и Селџуците. Зелените знамиња на Фатимидите се спротивставиле на Црните знамиња на Абасидите, а предизвикот на Фатимидите завршил со нивното пропаѓање во [[12 век]].
 
== Наводи ==