Среден век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Среден век''' или '''средновековен период''' — дел од [[Историја на Европа|европската историјa]] кој траел од {{римски|5}} до {{римски|15}} век. Пропаѓањето на [[Пропаѓањето на Западното римско царство|Западното римскоРимско царствоЦарство]] го означува почетокот на Средниот век, а потоа следуваат [[ренесанса]]та и [[големите географски откритија]]. Средниот век е средниот период од традиционалната поделба на западната историја на класични, средновековни и модерни периоди. Периодот е поделен на [[ран среден век]], [[развиен среден век]] и [[доцен среден век]].
 
Депопулацијата, деурбанизацијата и [[Западно римско царство|варварските напади]] коишто започнале во Доцната антика продолжиле и во Раниот среден век. Варварските освојувачи формирале нови царства на урнатините од Западното римско царство.
Ред 47:
 
== Европа на Каролинзите ==
Во текот на 6-от и 7-от век [[Меровинзи|Меровинзите]], потомци на [[Кловис]], го поделиле кралството на Франките, коешто се наоѓало во северна Галија, на три кралства и тоа [[Австразија]], [[Неустрија]] и [[Бургундија]]. Благодарение на граѓанските војни помеѓу Австразија и Неустрија, 7-от век бил бурен период. Ваквата војна ја искористил [[Пипин]], мајордом на палатата на Австразија, којшто ја имал сета моќ. Подоцнежните членови на неговото семејство ја презеле функцијата на советници и регенти. Еден од неговите потомци, [[ЧарлсКарло Мартел]] (умрел 741 год.), во 732 година ја добил битката кај Поатје со што го запрел напредувањето на муслиманските војски преку Пиринеите. Велика Британија била поделена на мали држави доминирани од страна на кралствата во [[Нортамбрија]], [[Мерсија]], [[Весекс]] и [[Источна Англија]], кои воделе потекло од англосаксонските освојувачи. Помалите кралства во денешен [[Велс]] и Шкотска биле се΄ уште под контрола на домородните [[Британци]] и [[Пикти]]. Ирска била поделена на уште помали политички единици, обично познати како племенски кралства коишто биле под контрола на кралевите. Имало можеби дури 150 локални кралеви во [[Ирска]], со различна важност. [[Каролинзи|Каролиншката династија]], којашто била позната како наследник на ЧарлсКарло Мартел, официјално ја презела контролата врз кралствата Австразија и Неустрија со државниот удар во 753 година, којшто го извршил Пипин III (752-768 Според современата хроника, Пипин барал и добил овластување за овој државен удар, од [[Папата Стефан II]] (папа од 752–757). Преземањето од страна на Пипин било засилено со пропаганда којашто ги прикажа Меровингите како неспособни или сурови владетели, ги величаше постигнувањата на ЧарлсКарло Мартел и ширеше приказни за големата побожност на семејството. По смртта на Пипин во 768 година, кралството го наследиле неговите два сина [[ЧарлсКарло Велики]] (768-814) и [[Карломан]] (768-771). Кога Карломан починал од природна смрт, ЧарлсКарло не му дозволил на неговиот малолетен син да застане на престолот и се назначил себе си како крал на Австразија и Неустрија. ЧарлсКарло, почесто познат како Карло Велики, започнал со програма на систематско проширување коешто би довело до обединување на поголем дел од Европа, евентуално контролирање на денешна Франција, северна Италија, и Саксонија. Во војните кои траеле над 800 години тој ги наградил сојузниците со воени пленови и со контрола врз парчиња земја. Во 774 година, Карло Велики ги покорил Ломбардите, со тоа го ослободил папството од стравот дека Ломбардите ќе ги потчинат и почнало создавањето на [[Папската држава |папските држави]]. Крунисувањето на Карло Велики за крал на Божиќ во 800-та година се смета за пресвртница во средновековната историја, што претставува враќање на Западното Римско Царство, бидејќи новиот царр владеел со голем дел од областите коишто претходно биле контролирани од западните кралеви. Претходно споменатото бележи промена и во односот на Карло Велики со Византија бидејќи преземањето на кралската титула од страна на [[Каролинзи|Каролинзите]] ја докажува нивната еквивалентност со византиската држава. Имало неколку разлики помеѓу новосоздадената Карловото царство и двете, постарото Западно римско царство и истовремената Византија. Земјиштата на Франките биле од рурален карактер, со само неколку мали градови. Повеќето од луѓето биле селани коишто се населиле на мали фарми. Размерот на трговијата бил мал и поголемиот дел се одвивал со [[Британски острови|Британските острови]] и Скандинавија, за разлика од старата Римското царство чијшто центар за своите трговски мрежи бил Медитеранот. Така наречениот ,,патувачки суд“ којшто патувал со кралот управувал со Империјата, како и околу 300 кралски службеници наречени грофови коишто управувале со регионите на кои била поделена Империјата. Свештенството и локалните бискупи биле како еден вид на претставници како и кралските службеници наречени missi dominici, коишто биле скитнически инспектори и посредници.
 
== Каролиншка Ренесанса ==
Ред 53:
 
== Расцеп на Карловото царство ==
Карло Велики планирал да ја продолжи традицијата на Франките со тоа што ќе го подели кралството на сите негови наследници, но тој не бил во можност поради тоа што до 813 година тој имал само еден жив син, [[Луј I Побожниот]] (владеел 814-840 год.). Непосредно пред неговата смрт во 814 година, Карло Велики го крунисал [[Луј]] за негов наследник. Дваесет и шест годишното владеење на Луј било обележано со бројни поделби на Империјата помеѓу неговите синови, а после 829 год. и со граѓанските војни помеѓу различните сојузи на татко и синови коишто се воделе околу власта врз различни делови од Империјата. На крајот, Луј го назначил за крал неговиот најстар син [[Лотар I]] (умрел 855 год.) и му ја дал Италија. Луј остатокот од царството го поделил помеѓу Лотар и неговиот најмлад син, [[Карло Ќелавиот]](умрел 877 год.). Лотар ја презел [[Источна Франкија]], којашто ги опфаќала двата брега на реката Рајна кон исток, препуштајќи му ја на ЧарлсКарло Западна Франкија со Империјата западно од Рајнската област и [[Алпите]]. На средниот од браќата, [[Луј Германски]] (умрел 876 год.), којшто бил бунтовен се до неговата смрт, му било дозволено да ја задржи Баварија под сузеренство на неговиот постар брат. Поделбата била оспорувана. Додека Луј Германски се обидувал да ја присоедини цела Источна Франкија, внукот на кралот, Пипин II од Аквитанија ( умрел 864 год.) давал отпор за превласта во Аквитанија. Луј умрел во 840 год. а Империјата е сѐ уште била во хаос.
По неговата смрт следи граѓанска војна, којашто траела три години. Со [[Верденски договор|Верденскиот договор]] (843 год.) создадено е кралството меѓу реките Рајна и Рона, Лотар започнал да владее на териториите на Италија и неговата царска титула била признаена. Луј Германски управувал со Баварија и источните земји во денешна Германија. Карло Ќелавиот ги добил западните територии од Кралството на Франките, вклучувајќи поголем дел од денешна Франција. Внуците и правнуците на Карло Велики ги поделиле своите кралства помеѓу нивните потомци, со што на крајот дошло до губење на сето внатрешно единство. Со крунисувањето на [[Хуго Капет (Иго Капе)]] за крал во 987 год. Каролиншката династија била вратена во западните земји. Поради смртта на [[Луј Детето]] во 911 година и изборот на [[Конард I]], којшто не бил во никакви роднински врски, за крал династијата во источните земји го доживеала својот крај порано. Распаѓањето на Карловото царсто било придружувано со инвазии, миграции и непријателски преземања од надворешни непријатели. Викинзите коишто непријателски ги презеле Британските острови и се населиле во Британија Ирска и Исланд, постојано ги напаѓале Атлантикот и северните брегови. Викинзите понатаму, во 911 година се населиле во Франција на чело со војсководецот [[Роло]] (умрел околу 931год.), којшто добил дозвола од [[Карло III]] (владеел 898-922) да ја населат територијата на Нормандија. Се до големиот пораз во [[битката кај Личфилд]] во 955 година, Маѓарите постојано ги напаѓале источните делови на кралствата на Франките, особено Германија и Италија. Распаѓањето на династијата на Абасидите значело поделба на исламскиот свет на помали политички држави, од кои некои почнале да се шират кон Италија и Сицилија како и преку Пиринеите во јужните делови на кралства на Франките.