Јужна Америка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 75:
Јужно од екваторскиот појас се простираат територии со тропска и суптропска клима. Тие ги зафаќаат средишните делови на Андите, низините по тековите на реката Парана и Бразилските Планини и висорамнини.
Во јужните делови на Јужна Америка е присутна умерена клима која е под големо влијание на ладните морски струи од југ. На крајниот југ, односно на Огнена Земја, се присутни супполарни климатски карактеристики.
Врз климатските одлики во Јужна АМерикаАмерика големо влијание имаат планинските масиви и морските струи. Тоа значи дека, одејќи кон поголемите надморски височини, климата се менува од континентална во типично планинска.
Отвореноста спрема океанските широчини овозможува ветровите да носат влажен воздух кон копното на Јужна Америка и присуство на свежо време. Од јужните области покрај бреговите на Јужна Америка се движат ладни морски струи, кои, исто така, предизвикуваат посвежо време. Посебен климатски тип во Јужна Америка е пустинската клима, која се јавува во западните делови, поточно во сверните делови на државата Чиле. Таква е пустината Атакама.